Аце од Штип: Како и што најавив, мириса и овде на приказна со среќен крај, ветено – остварено

  • By admin
  • април 20, 2021
  • 0
  • 5093 Views

Докажаниот хуманист Александар Горгиевски секојдневно информира за своите активност, а овојпат како што е познато во тек е акција за подобрувње на домот на Виолета од село Ерџелија.

Александар Горгиевски е 35 годишно момче од Штип кое досега направи нов дом на десетина семејства. Самоиницијативно преку Фејсбук бара цигли, цемент и песок.

За работна рака кај него се пријавуваат граѓаните кои сакаат да се приклучат кон неговиот хуманитарен поход. Екипата на „Само прашај“ беше во светиниколска Ерџелија кадешто се гради семејната куќа на Виолета.

Аце од Штип како што е познат за целокупната јавност, грижливо и внимателно секој ден информира што е направено и до каде е акцијата.

Па така Горгиевски денес повторно преку својот профил на фејсвук информираше до каде е работата:

13 ден хуманитарна работна акција ден со многу обврски за мене се надевам нема да полудам. Морам да потенцирам екипава од Велес на дело покажуваат дека се големи професионалци.

Дефинитивно дечкиве си ја знаат својата работа и си стојат на збор се што беше договорено луѓево имаат изработено без ниту една ситна грешка. Заслужуваат РЕСПЕКТ.

Како и што најавив мириса и овде на приказна со среќен крај ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО срцки. Александар Горгиевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *