Ахмед е одлучен: Заминувам од земја која ветуваше се, а ништо не исполни, каде три оброци на ден се луксуз

  • By klaster3
  • мај 7, 2022
  • 0
  • 364 Views

Балканскиот одлив на мозоци на запад, но и преку океанот никако да стивне. Од година во година се иселува население не само од кај нас, туку од земјите во регионот.

Често западните земји се како ветени за нашинците, а и сосема логично е, кога ќе се спореди платата овде и таму, изборот паѓа секогаш таму.

Иако со тешко срце, сепак уште еден млад човек реши да си ја проба среќата во Германија и да го остави досегашниот живот зад себе. Ви го пренесуваме неговото писмо во целост.

„Целиот живот го собрав во два куфери. Во еден куфер носам спомени, сеќавања и малку среќа за патувањето. Во вториот, поголем, носам надеж за подобар свет, за подобро утре и за подобар живот.

Во срцето го носам сето она што го сакам, што го оставам зад себе, сите оние кои ќе дојдат во мојот сон во сенките на ноќта да ми кажат колку им недостигам и колку ми недостигаат.

А недостатоците се привилегија на оние кои имаат време да сакаат, кои имаат на што да се вратат и кои имаат причина да се борат. Заминувам од земја која ветуваше се, а ништо не исполни.

Заминувам од земја во која животот стра да, каде три оброци на ден се луксуз, каде сиромашните сонуваат, а богатите ги живеат своите соништа.

Можеби еден ден ветувањата ќе станат реалност, лаг ата ќе стане вистина, лице мерите ќе станат луѓе, а Босна ќе стане она што отсекогаш требало да биде. Можеби многумина од нас ќе се вратат тој ден.

Дипломирав на Факултетот во Зеница како социјален педагог. За време на моето студирање јас и моите колеги го основавме Здружението на социјални педагози во Босна и Херцеговина со цел да му помогнеме на општеството, напишавме 100 проекти, но немавме поддршка.

Сакавме да отвориме агенција за посредување при вработување на лица со попр еченост, но и тоа не успеавме“, вели Ахмед Шкадриќ од Бугојно за Радиосараево.ба. Toj замина во Германија во потрага по подобар живот.

Вели дека пред заминувањето работел во Третото основно училиште во Бугојно како приправник. Тој вели дека со години предупредува на проблемот со заминувањето на младите од БиХ и дека сега е негов ред да тргне во таа насока.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *