Арбен од Тетово кој има мали деца започна да гради куќа: Моли да му се помогне да ја доврши

  • By admin
  • јуни 5, 2021
  • 0
  • 778 Views

На семејството Рамадани од Шипковица, Тетово, во август 2019 им из горе куќата.

Поради тоа тие веќе 2 години живеат под кирија. Арбен, вели дека тешко ги собираат парите за да плаќаат кирија.

За ТВ21 изјави дека благодарение на помошта на селаните од Шипковица почнале со изградба на куќа, но финансиските можности да ја завршат се мали.

„Откако куќата ни из горе, под кирија сме во приватна куќа во Тетово и со помошта на соселаните од Шипковица, кои се во дијаспора и на неколку жители, кои не ги знам по име, успеав да ја изградам куќата до овде, како што можете да видите.

Но, во моментов не можам да ја завршам и би ги замолил сите кои имаат можност да ни помогнат да ја завршиме куќата, бидејќи навистина сум во многу лоша состојба.

Имам мали деца, мојот татко е болен, само јас работам, татко ми не работи“, истакна Арбен Рамадани.

Арбен вели дека прави се според неговите можности.

„Моите трошоци со кирија се околу 500 евра. Толку. Со мојата работа се трудам, и како што велат, само мојата душа знае. Кој има можност нека ми помогне, а кој нема, Господ да им помогне“, посочи Арбен Рамадани.

Тој од рана возраст ја преземал главната улога во семејството.

„Откако ни из горе куќата, јас живеам под кирија и му се заблагодарувам на Господ што ми овозможи да ја изградам ова куќа и да ја завршам. Моментално јас немам можност да ја завршам, моите можности се до тука“, додава Арбен Рамадани..

За да ја заврши Арбен куќата, потребна му е помошта на хуманите луѓе со цел и ова семејство да има кров над глава.

Контакт: Арбен Рамадани 070 867 204; Стопанска Банка: 200003739772524

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *