Апасиев на полноќ се огласи и кажа што требало за да бидеме во финале на Евровизија

  • By admin
  • мај 19, 2021
  • 0
  • 1826 Views

Македонскиот претставник на Евровизија Васил Гарванлиев не се пласираше во финалето. Тој денеска на првата вечер од 65-тата „Евровизија“ која се оддржа во Холандија настапи под редниот број шест со песната “Here I stand”. Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со соло кореографија.

На прва полуфинална вечер беа одбрани првите 10 финалисти, меѓу кои се Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија, Украина. Покрај македонскиот настапувач, во втората финална вечер нема да учествуват нити Словенија ни Хрватска.

Второто полуфинале ќе се одржи на 20 мај. Седумнаесет земји ќе учествуваат во второто полуфинале. Сан Марино, Естонија, Чешка, Грчка, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска, плус Франција, Шпанија и Велика Британија ќе гласаат во ова полуфинале.

Македонија не успеа да се пласира во финалето на Евровизија но, македонскиот претставник Васил Гарванлиев изјави дека Евровизија е само почеток на едно неверојатно патешествие.

„Ова беше историски момент. И повеќе од тоа, мојата приказна. Застанав на таа сцена со цел гордо да ја претставувам Македонија и пеев за сите нас. Благодарен сум и горд и ова е само почеток на едно неверојатно патешествие. Стојам тука за вас, најдоброто допрва следува“, напиша Гарванлиев на Фејсбук.

– Добивме фантастични коментари, дека Македонија е претставена на највисоко ниво. Откако заврши гласањето, сите се согласија дека Васил заслужуваше да влезе во финалето.

Јас му благодарам што беше толку професионален и што толку многу се вложи. Чекаше цела година и веднаш се даде во акција – веруваше во себе, во песната и ја доби апсолутната поддршка, изјави во Утрински брифинг Александра Јовановска, шеф на македонската делегација во Ротердам.

– Средно објективна слика се добива од гласањето на крајот. Но, подетално може да се анализира откако ќе ги добиеме резултатите, во сабота. Може да се анализира, но станува сѐ потешко да се предвиди кој ќе оди во финалето, вели Јовановска.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој а актуелен пратеник не можеше да издрже и на полноќ реши да даде свое видување на оваа тема

-Левица да поднесеа амандмани, сеа ќе бевме у финалето на “Евровизија”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *