Актерот Кирил: Немав никаква поддршка од дома, од Пехчево се качив во авотбус и скришум заминав

  • By klaster2
  • март 19, 2022
  • 0
  • 521 Views

Сите ние израснавме со серијалот на ,,Македонските народни приказни” и се уште генерации растат со нив, приказните се непроценливо богатство оставено на оваа земја.

Многу актери и актерки поминаа низ приказните, некој епизодално, а некој оставија значаен белег во нив. За жал некој не го достигнаа врвот и не го оправдаа талентот.

Некој заминаа во вечност доста рано, а некој едноставно беа носители низ сите години. Кирил Андоновски е единствениот преостанат актер кои беше дел од почетоците на приказните и еден оти тие што оставија значаен белег.

– Ова ме исполнува што го работам, кога гледам стари слики ми навираат милион емоции, и пак да се родам повторно би го работел ова.

– Оваа година бележам неколку јубилеја кој ќе ги одбележам со најблиските, во една опуштена атмосфера заедно со внучето Олег кој ми е најмил.

– Сопругата Верче ја нарекувам и мамо бидејќи таа се грижи многу за мене и ме трпи сиве овие години, бидејќи доста бев отстуен поради снимањата.

– Љубовта и после толку години е иста како на почетокот. Љубовта е само почетна, а натаму се толеранцијата и разбирањето.

– Немав никаква поддршка од дома, тоа беше само мој мерак да одам во Белград на академија и актер да станам, вели Кирил Андоновски.

– Автобусот од Пехчево тргнуваше во 04 часот, јас скришум отидов. Од цела Југославија, од 365 кандидати само нас дваесетмина не избраа.

– Тешко е да насмееш човек, особено во комедија да додадеш или одземеш еден збор готово отиде возот, вели Андоновски за ,,Шоу Магазин”

– Моите колеги заминаа во вечност останав јас само како петел. Сега со Владо Дојчиновски сме блиски од младата генерација.

– Израснавме во едно тешко време, инаку јас за приемен испит се припремав во шумата во Пехчево. Таму го добивав мирот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.