,,Ако имаш остави, ако немаш земи” – делото на Милан за кое уште ќе се зборува

  • By klaster2
  • јануари 28, 2022
  • 0
  • 398 Views

Убаво е да се види како луѓето мислат еден на друг, особено кога доаѓа зима и неподносливо студени денови. Често можеме да видиме бездомници стуткани во картон.

Опкружени со ќебиња, кутии и торби меѓу зградите, како се снаоѓаат како знаат и умеат да ја поминат зимата во голема неизвесност.

Без храна и топол кревет, често и го завршуваат својот живот сами на улица. Секоја година некои групи граѓани покренуваат акција „Ако имаш остави, ако немаш земи“ , овој пат тоа е големито хуманист Милан.

Ова е голема акција која не се фокусира само на бездомниците или сиромашните, туку на секој што во одреден момент се чувствува „сиромашно“, вели тој.

Во градот има табла со натпис „Ако имаш остави, ако немаш земи “ и импровизиран штанд каде граѓаните можат да остават топла облека и храна.

Милан Ѓуровиќ за чиј подвиг ќе зборува цел регион. На платото пред општинската зграда ја започна акцијата за сите сограѓани кои имаат вишок облека или обувки да донесат.

– Според најавата на метеоролозите, наскоро следуваат нови врнежи од снег, а во студените денови секогаш е потребна топла облека, па оваа акција е добредојдена за сите кои ја немаат, вели тој за ,,Рина”

„Знам како им е на луѓето што немаат и напорно живеат. Отидов со син ми Матеј и го наместив штандот каде што луѓето можат да го донесат вишокот облека.

 

,, Мислам дека моите сограѓани ќе ја поддржат оваа акција во поголема бројка и дека ова ќе стане традиција за да помогнеме на тие што најмноуг им треба.

Ова не е прв пат овој човек да помога и да се вкучува во хуманитарни акции, тој пред три месеци помогна на едно семејство кое беше на работ на егзистенција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.