Адријана Алачки до Баже Грујовски со искрени желби: Да ги везеш

  • By admin
  • септември 16, 2021
  • 0
  • 2704 Views

Важеше за позната македонска пејачка, но сега најмногу ја препознаваат како водителка, тоа е Адријана Алачки која со години наназад остана да биде добро препознатлив лик пред тв камерите.

Адријана Алачка од пејачка, се префрли во водителството и продолжи како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.

Токму емисија „Вкусот на традицијата“ е нешто по кое ја препознаваат и важи за заштитно лице. Алачки често на Фејсбук споделува моменти од снимањето на емисијата во кое е очигледно дека ужива.

Освен како успешна пејачка и автор на емисијарта „Вкусот на традицијата“, Алачки е позната и како автор на книгата „Македонски традиционален готвач“. Неодамна, таа најави дека наскоро ќе излезе и второто издание.

На прватен план Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.

Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.

За мошне близок пријател на Алачки важи еден од нашите најпознати пејачи Благоја Грујовски со кого често се дружи за што сведочат заедничките фотографии.

Зад популарниот Баже е навистина тешка година со оглед на тоа што поради ковидот заврши во болница и мина доста тешко.

Алачки денес се огласи на својот профил и сподели објава со искрени честитки, како и заеднички фотки во која вели:

-Баже да ги везеш годините со најубавите бои, да траеш , да бидеш здрав и насмеан…Среќен роденден другарче

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *