Австралија нема работници, па ги кани странците – државата им нуди и поволности во старт

  • By admin
  • јануари 19, 2022
  • 0
  • 509 Views

Австралиските власти ги повикаа младите туристи од странство да прифатат сезонски работни места во земјоделството и угостителството за време на посета на државата за да се ублажи недостигот на работна си ла поради ширењето на корона вирусот.

Скот Морисон, актуелниот премиер рече дека неговата влада се откажува од таксата за виза од 630 долари за сите патници и студенти кои ќе пристигнат во Австралија во следните 12 недели и ги охрабри да размислат за работа на сезонски работни места за време на посетата.

„Посетете ја целата земја и истовремено придружете ни се на нашата работна си ла и помогнете ни во земјоделскиот сектор, угостителскиот сектор и многу други делови од економијата за кои оваа работа е клучна“, рече Морисон за време на телевизиската прес-конференција.

Официјалните лица пријавија 67 нови упо коени случаи и речиси 80.000 нови инф екции до пладне вчера по локално време, а Западна Австралија се уште не обезбеди дневни бројки.

Вчера имаше 77 упо коени случаи, најмногу од почетокот на пандемијата. Досега, 2.843 луѓе упо коени од вирусот.

Австралиските компании се најдоа во големи тешкотии поради големиот број бо лни работници и оние во изолација. Недостигот од работна си ла го попречува закрепнувањето на економијата и предизвикува проблеми со снабдувањето, па големите малопродажни компании повторно го ограничија купувањето на основните потреби.

Се поголем број хоспитализации истовремено вршат при тисок врз здравствениот систем. До вчера беа хоспитализирани 5.025 граѓани, наспроти 759 примени во болниците пред еден месец.

Речиси 1,3 милиони случаи на од вкупно 1,6 милиони, се идентификувани во последните две недели.

За потсетување во Австралија живеат и работат голем број Македонци. Всушност на овој континент е една од најголемите македонски дијаспори во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.