Џамила која работи како продавачка во Германија јавно откри колку пари и остануваат за живот

  • By admin
  • мај 14, 2021
  • 0
  • 3116 Прегледи

Сиромашните стануваат сѐ посиромашни, богатите сѐ побогати, покажува извештај на германската влада. Критичарите потенцираат дека короната уште повеќе ја засилува социјалната нееднаквост.

Џамила Кордус е храбра жена. Продавачката се осмели да излезе на телевизија и да зборува пред милионска публика на првиот канал на германската телевизија, во емисијата „Остро, но фер“.

Темата на 10 мај гласеше: „Сиромашни и покрај тоа што работат – дали социјалниот подем е само празно ветување?“. Џамила Кордус е самохрана мајка.

Парите секогаш одвај стигнуваат, иако работи со полно работно време како магационерка во голема онлајн-компанија. Откако ќе ги одземе фиксините месечни трошоци, ѝ остануваат околу 500 евра за живот.

Сиромашен и покрај работата – слика која сѐ почесто е германска реалност. Тоа го докажува и најновиот извештај на германската влада за сиромаштијата и богатството во земјата „Сиромашна богата Германија“.

Извештајот излезе вчера (12.05) од Министерството за труд, а за констатациите во него најверојатно ќе се разговара уште еднаш во јули, во германскиот парламент.

Што значи да се биде сиромашен во Германија? Дали се сиромашни луѓето без покрив над главата, оние кои собираат шишиња или живеат од социјална помош? Или сиромашни се и луѓето кои работат со полно работно време, но не можат да преживеат со својата плата?

Во Германија е тоа точно дефинирано – сиромашен е оној кој има помалку од 60% од просечната нето-плата во земјата, а тоа во моментов се 1176 евра.

Богат е оној кој има повеќе од 3900 евра нето. Тука се вбројуваат и супер богатите, како сопственикот на ланецот супермаркети „Лидл“, Дитер Шварц, чие богатство се проценува на над 20 милијарди евра.

Уделот на богати луѓе во Германија постојано се зголемувал во последните години, покажува извештајот за сиромаштијата и богатството. Се зголемувал и уделот на сиромашните.

Целата сторија проследете ја на Дојче веле на македонски јазик