Љубовната приказна на Ѓорги и Шенка Колозови: Од болнички кревет до вечна љубов

  • By klaster2
  • октомври 18, 2022
  • 0
  • 284 Views

Само еден поглед кон болничкиот прозорец, во младата девојка која се смешка од него, и болеста донесе – бајка. Отогаш Шенка и Ѓорѓи не се разделија ниту еден ден цели триесет години.

Бела, здодевна болничка соба. Како сите болнички соби на светот. Колку е тоа постра шно кога имаш 18 години, а плус е и лето. Топло, штипско лето, 1966 година.

Време на рокенрол, „ѕвонарки“, долги коси и први опел – олимпии. Сите се надвор, на улица. А таа, „затворена“ во белата одаја. Има жолтица.

Деновите и поминуваат покрај прозорецот, гледајќи го младиот свет на кој му припаѓа, а кој сега и изгледа толку далеку. Еден ден, повторно завидувајќи на шаренилото на улицата, го згогледува него.

Ист онаков, каков што ќе го види и првиот пат. Во сива морнарска кошула и сиви фармерки. Стројно, младо момче, со долга црна коса. Меѓутоа, овојпат и со темни очила на носот. И во истиот момент и преминува низ главата првата средба: аудиција за млади актери во Штипскиот театар во кој таа работи веќе две години.

Тие, љубопитни млади девојки гледаат кого ќе го примат, дали ќе има некој згоден, убав младич? И има – тој! Си се подбуцнуваат меѓу себе девојките, можеби ќе забележи некоја од нив?! Ама болеста ја спречува да го дознае она што ниту на крај ум не и паѓало: во публиката тој ќе ја забележи токму девојката во црвен фустан „на бели точки“ – неа! И еве го сега, поминува покрај нејзиниот болнички прозорец…

Нешто и се бранува во душата, иако не може да си разјасни што е точно тоа? А тој, таман кога таа мисли дека ќе одмине, неднаш го подига погледот. И, и мавнува. Следниот ден во истото време тој е повторно под прозорецот. Овој пат стои цело попладне.

Ја засмејува со своите гестикулации. Ги вади и очилата. На носот има мо дри трагови (подоцна ќе дознае дека тоа биле по следици од некоја друга, краткотрајна љубов, но тогаш веќе ништо нема да биде важно).

Цел месец тој, Ѓорѓи, ќе доаѓа тука, покрај болницата, за да и го скрати времето на убавата Шенка. А тој од своето Богданци дошол во Штип само за да снима кау бојски филмови, „па макар и на магариња“!

Следува една година дружење и пријателство. Заеднички проби (тој е веќе примен во театарот), ќебапчиња во штипски „Бриони“, кафе во „Македонија“, кино… По некој поглед допир на рацете божем, случајно!? Срцето разбрането, срамежливо, не признава.

А кој уште го надмудрил него – срцето?! Една вечер, доцнат на проба и двајцата. Колегите ги погледнуваат значајно. А тие среќни, вцрвенети, знаат дека на мостот се случи нешто големо, нешто необично и нешто што се случува многу ретко во животот – љубов! И веќе нема запирање. Никогаш повеќе нема да се разделат во животот!

По неколку месеци се селат во Куманово. Шенка има договор со тамошниот театар, а Ѓорѓи оди по неа. Живеат заедно. Необично и на чудење на другите. За тоа време, вистинска лу дост. Ги предупредуваат родителите на Шенка и таткото на Ѓорѓи дека се млади, без средства ниту за храна, дека лесно ќе се разделат…

Тие не се обѕираат на туѓите мислења, не се сомневаат, не се прашуваат… Едноставно, го живеат животот, заедно бидејќи така сакаат.По една година се венчаваат. Денови на сиромаштија, ентузијазам и љубов. Ѓорѓи го завршува средното училиште кое го прекинувал заради театарот и се запишува на Академијата за драмски уметности во Скопје.

Секојдневно патува. Шенка работи, но и таа „студира“. Бидејќи, како што вели Ѓорѓи, ништо во животот не работи сам па секојдневно и го чита гласно она што го работат на факултет. И додева, всушност. Но таа има трпение, секогаш имала. За него.

Семејството се зголемува. Се раѓа Катерина. Уште потешки денови за младите Колозови. Го паметат и двајцата стариот шивач од Куманово, чичко Тане.

Еднаш, кога ќе дојде ред да позајмат пари од него, тој ќе им рече: „Деца, секогаш кога ќе ви требаат пари, дојдете, побарајте! Што ќе се срамите на десет места, срамете се на едно!“ Така и било.

Стариот мајстор несебично ќе ги помага, секогаш кога ќе им е потребно тоа. Всушност, се до оној ден кога Ѓорѓи ќе ја земе својата прва плата од МНТ. А тогаш се веќе четворица. Во семејството е и Кристина.

И еден ден, по многу години, во Куманово ќе го сретнат стариот шивач Тане. Кога ќе ги види, само ќе рече: „Е, деца, јас мислев ништо од вас! А еве, биднаа домаќини!“ Шенка и Ѓорѓи само ќе се насмевнат – многумина го мислеле истото. Ретко кој знае дека патиштата на срцето се најсигурни.

По 13 години во Куманово, се преселуваат во Скопје каде што се и ден денес. Во меѓувреме Шенка го завршува Филозофскиот факултет и таа се вработува во македонскиот народен театар. Другото е веќе секојдневие. Децата големи, секое по свој пат.

Тие двајца, постојано се заедно се уште. Неизбежни се расправиите. Веќе и не ги забележуваат меѓусебните разлики. По триесет години заеднички живот кој и би ги забележал?! Или, можеби поради тоа што таа имала секогаш трпение за него?

Или можеби затоа што тој бил секогаш толку сигурен покрај неа?! Или можеби поради многу едноставната, кревка, а сепак, толку силна работа која ја нарекуваме – љубов!

Кој би рекол дека онаа девојка во црвен фустан „на бели точки“ на Ѓорѓи ќе му биде судбина? Кој би рекол дека она момче со мо дринки на носот ќе и биде на Шенка живот? Можеби најважните нешта се случуваат токму така, на минување. Само треба да се застане, да се погледне во некој прозорец, да му се мавне некому со раката.

А тој, се уште и додева. Сега учи турски јазик. И Шенка со него. Ѓорѓи ништо не работи без неа. И не треба. Зарем царот прави нешто без својата царица, напишала Бранка Н. Доневска во 1995 година за тогашен ,,Екран” а споделено на странта на фејсбук за Ѓорги Колозов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.