Јордан Митев откри која своја песна ја сака најмногу: Успеа од Канада до Австралија

  • By klaster1
  • мај 11, 2021
  • 0
  • 515 Прегледи

Екипата на ,,Мастраф Муабет,, го посети домот на еден од нашите најголеми фолк ѕвезди, Јордан Митев во неговото Подареш, мало село но со големи емоции.

Јордан сподели многу моменти од приватниот живот и го покажа домот каде што живее, раскажа за женачката во Австралија, како и за неговите почетоци.

-Многумина ми замеруваат што сум од село и кога сакаат да ме повредат велат ,,еве го овој од село, но мене тоа не ме навредува за мене тоа е комплимент.

-Јас сум горд што сум од тука од Подареш, нашето поколенија тука опстојува повеќе од 100 години.

-Порано работев и на ниви, земјоделството е главен приход, живеевме од тоа, но кога започнав со успехот со музиката, сакав да им го олесна животот на моите овде, дури и планирам нешто да основам овде. Тракторот ми беше прво возило

– Сум бил во многу држави и во повеќе континенти, собирав впечатоци и примери од многу места, култури и обичаи, дел од нив практикувам и применувам, во моето место на живеење и живот.

-Како помал излегува на тераса и си правев концерти, пеев на цел глас, народот не ми замеруваше, го прифаќаше тоа многу добро.

– На доста фестивали наградите ми беа неправедно одземени, имам многу награди соберено, во почетоко на карирата многу повеќе значеа наградите.

Сега најголема награда ми е кога ќе направам добра песна, а таа уште по добро ќе се прифати кај народот. Наградите се забораваат а песните остануваат.

-Бидејќи знам за многу случаеви каде што изведувачите и песните биле наградувани со први места, но за ден два, ни трага ни глас од изведувачот а камоли од песната.

– Мојата сопруга е од Австралија, никогаш не сум ни помислувам дека ќе земам жена дури од другиот крај на светот.

– Јас имам одено во Австралија на околу 10 турнеи, и имам посетено доста места. Со неа се запознавме на една свадба таму, започнавме дружба, најпрво како пријатели а потоа тоа прерасна во љубов.

-Свадбата помина одлично, јас кога правам забави особено од таков тип ги правам максимално организирани, имавме многу гости, ми дојдоа пријатели од цела Европа.

-Мојата свадба беше во Недела, а јас во сабота до 2 часот имав настап во Гостивар. Си дојдов дома накај 4 и нешто, преспав докај 6 наутро и тогаш станав и почнав да се спремам за младоженец, вели низ смеа Јордан.

– Тој ден целиот ми беше турбулентен, заминавме во Охрид по невестата, бидејќи од таму и е потеклото, па се вративме во Подареш, а од таму па во Струмица и направивем цела турнеја низ Македонија.

– Сам организирам се околу песните, аранжман, плаќање, превози, спотови, многу е турбуленто цел тој процес, и кога решам да одморам, гледам тоа да биде ама баш тивко место, каде што ќе можам да ги наполнам батериите.

– Јас си ги сакам сите мои песни, но ако морам една да издвојам тоа е ,,Ај што мерак имам бабо,, таа е стара изворна песна што се пеела одамна на овие простори.

-Решив да ја снимам и да ја направам, и за среќа многу успеа во јавноста од Канада до Австралија истотака и на интернет многу добро котира.