Јован Јованов откри како со Перо Антиќ заглавиле во Америка

  • By klaster2
  • март 14, 2022
  • 0
  • 261 Views

Јован Јованов, еден од нашите најпознати композитори и пејачи стана познат откако ја испеа песната „Ма гија“, со групата Ма гија.

Пред 10-15 години беше еден од нашите најпознати изведувачи кој ја освојуваа музичката сцена заедно со Врчак, Елври Мекиќ, Тони Зен, Слаткаристика и останатата екипа.

Со сопругата Николина и со ќерката, од Македонија си замина во 2014 година. Прво во Холивуд, на музичко усовршување и како што вели за да си го оствари својот детски сон потоа во Торонто.

– Најпрво отидов таму со ,,Зелена карта”, но после четири години добив канадско државјанство. Таму се уште се занимавам со музика, друго јас не знам да работам.

– Имам и уште еден бизнис таму односно студио за фотографирање и видеа. Имам свое студио што го изнајмувам и во него доаѓаат луѓе од најразлични сфери и снимаат.

– Одам постепено таму, зошто да не и еден ден да отворам издавачка куќа, од секогаш ми било во гени тоа, вели Јованов за ,,Еден на Еден”

– Првата година кога отидов таму беше доста тешко, ги бараш луѓето им пишуваш меилови на тие што се занимаваат со музика, но никој не ти одговара.

– И кога ќе ги пронајдеш нив не ги интерсира какви хи тови си имал ти, дека си бил на евровизија 2-3 пати, дека имаш голем број прегледи, нив ги интерсира денешнината и бараат нешто свежо.

– Тешко е да се најде мотивација за повторно докажување но овде веќе имав 30 години. Снимав песни, пеев, продуцирав, направив се.

– Си реков ,,Што ќе правам јас тука” едноставно не знаев што да правам со себе и си реков подобро 3-4 години ќе ги изгубам така и да постигнам нешто отколку да тапкам во место, вели искрено Јован.

– Има македонци во Торонто се гледаме, но јас практикувам да се дружам и ме опколуваат луѓе од музиката, но сепак има место и за тие што не се занимаваат со тоа.

– Сум се видел со многу пејачи кој дошле таму како Сани, Мишко Крстевски, Елена Велевска и слично. Со Перо Антиќ се сретнавме кога бев во Холивуд.

– Еден ден поминавме заедно, тој утрото имаше натпревар но со мене заглави од 14 часот по попладне па до ноќта во 2 часот.

– Супер си поминавме со него. Има една интересна случка со него. Седиме во центаро на Холивод во еден локал и си зборуваме.

– И на шанкот работеше едно фино девојче и ние зборувавме без влакна на јазикот бидејќи нели никој не не знае овде. До душа Перо го познаваа сепак тој е НБА Ѕвезда

– И така зборувајќи се и сешто таа не погледна и ни рече на македонски ,,Ке се вратам подоцна да ги послужам нив” и ни ги слушна коментарите, вели низ смеа Јован Јованов.

– Замисли цел Холивуд налетуваме на македонка од Струмица, значи човек треба цело време да се пази тоа се чести случки, додава тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *