Јанко Јади Бурек пушти срце: Доделува вреден подарок

  • By admin
  • мај 4, 2021
  • 0
  • 232 Прегледи

Водителот Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.

Илковски е роден 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет.

Јанко по враќањето од Белград и по промена на повеќе работни места, меѓу кои е и преведувач во МРТВ и на фестивалот „Браќа Манаки“, Илковски влегува во медиумските води во 2001 година, најпрво како водител на ноќна програма на А1 телевизија, каде подоцна работи во рамките на спортската програма.

Меѓу другите негови настапи како радио или ТВ водител се: новинар на радио Канал 103, водител на емисијата „Пладневен гневник“ на Радио Рос, водител на емисијата „Гутенбергова галаксија“ на ТВ 4, како и водител и музички уредник во радијата: Клуб ФМ, Топ ФМ и Радио Слободна Македонија.

Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.

Јанко Илковски работел и во печатените медиуми, меѓу кои пишувал текстови за: Вечерен дневен весник, Премин,Вечер Време и неделникот Фокус.

Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од страв да не го спомне и стави на тапет.

Илковски е доста активен и на социјалните мрежи каде што секојдневно споделува информации со своите фанови и пријатели.

Неодамна сподели фотографија од торта на која доминира жолтата боја и на која пишва „20 Јади Бурек“. Во коментар објасни дека истата тежи над 10 килограми.

Причината за оваа торта е тоа што денес Јанко слави 20 години од почетокот на својата професионална кариера.

По овој повод, Јанко Илковски вечерва повторно се огласи и ги израдува своите гледачи и следбеници на социјалните мрежи, па преку фејсбук напиша:

Јубилејот 20 Години Јади Бурек се уште трае. По тој повод заедно со Мобеликс на еден од фановите на емисијата ќе даруваме мобилен телефон. НАСКОРО!

Дилемата е дали Xiomi, Huawei, Samsung или One Plus да биде подарен со извлекување во емисијата. (нема iphone)