Јанко Јади бурек до гледачите: Не барајте фидбек, не можам да преземам обврски

  • By admin
  • февруари 21, 2022
  • 0
  • 659 Views

Познатиот „ток шоу“ ТВ водител, Јанко Илковски нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од ст рав да не го спомне и стави на тапет.

Водителот Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.

Илковски е роден 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет.

Јанко по враќањето од Белград и по промена на повеќе работни места, меѓу кои е и преведувач во МРТВ и на фестивалот „Браќа Манаки“, Илковски влегува во медиумските води во 2001 година, најпрво како водител на ноќна програма на А1 телевизија, каде подоцна работи во рамките на спортската програма.

Меѓу другите негови настапи како радио или ТВ водител се: новинар на радио Канал 103, водител на емисијата „Пладневен гневник“ на Радио Рос, водител на емисијата „Гутенбергова галаксија“ на ТВ 4, како и водител и музички уредник во радијата: Клуб ФМ, Топ ФМ и Радио Слободна Македонија.

Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.

Јанко Илковски работел и во печатените медиуми, меѓу кои пишувал текстови за: Вечерен дневен весник, Премин,Вечер Време и неделникот Фокус.

Утрово Илковски се огласи на својот профил на фејсбук каде со своите гледачи сподели:

Почитувани, има две работи кои во овие 20 г. се повторуваат

-едната е стиши го телевизорот – на сите позната -втората е сите оние кои ми пишуваат КОЈ ТИ Е МЕИЛОТ?

Поради големиот број писма, пораки, месиџис, масажес, депеши едноставно немам време да одговорам секому. Ве молам не барајте фидбек, не можам да преземам обврски, навистина, сакале да верувате или не.

Ви благодарам за интересот и комуникацијата но јас сум сам, а вас ве има вкупно цирка 90 000 (на сите мрежи) кои сте поврзани со мене.Секоја порака ја читам но не можам да одговарам на секоја.

За читање книги кои ми ги праќате. Во овој миг читам три книги истовремено со 9 кои чекаат на ред а со нула време да прочитам.

Ве молам нека не ве не рвира, ниту игнорирам, ниту сум аро гантен, ниту потценувам било кого. Се трудам колку можам. Благодарам на разбирањето

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.