Јанко го прашаа од каде му пари за Јади Бурек и кој опште го гледа, па водителот му одговори

  • By admin
  • август 6, 2022
  • 0
  • 360 Views

Со години е на малите екрани, водителот Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.

Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.

Јанко Илковски работел и во печатените медиуми, меѓу кои пишувал текстови за: Вечерен дневен весник, Премин,Вечер Време и неделникот Фокус.

Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од страв да не го спомне и стави на тапет.

Илковски е роден 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет.

Илковски е доста активен и на социјалните мрежи каде што секојдневно споделува информации со своите фанови и пријатели.

Јанко Илковски на својот фејсбук профил сподели порака која што ја добил од извесен Џони Валш, а во која се вели:

Текст на порака: Господине Илковски, Сакам да знам како уште не ти здосади од Јади Бурек и од кај ти се парите за продукција на Јади Бурек и кој опште ве гледа.

И како е ТВ Сонце уште во бизнис? Кој уште гледа ТВ Сонце? – а на ова Јанко кратко му одговори: Појма немам

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *