Ѓорѓе поради Зоран Ванев остана без убава сума на пари, а згора на се му се смее цел регион

  • By admin
  • мај 11, 2021
  • 0
  • 24548 Прегледи

Зоран Ванев кој по потекло е од Штип беше редовен на настапи кај нас, но и во соседна Србија се до 2011 година. Потоа со семејството се реши да се спакува и да се пресели во Швајцарија.

Зоран Ванев, кого го знаеме како изведувач на низа песни кои станаа хитови, као „Ангела, Ангела“, веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија.

Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет, и тој вели дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил.

Ванев во едно поранешно интервју има изјавено дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

Пред неколку дена Зоран Ванев од нигде никаде повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста,а причината не е ниту една од неговите две професии.

Причината е еден од најпознатио квиз во соседна Србија, – Потера.

Имено, натпреварувачот во емисијата, Ѓорѓе Јаниќ од Лесковац, откако во првиот круг освои 40.000 динари, за да продолжи понатаму доби интересно прашање.

-Кој бугарин во 1994 година освои ,,Златна топка”, престижна награда која ја доделува магазинот ,,Франс фудбал”? – гласеше прашањето, а понудените одговори беа Зоран Ванев, Дарко Панчев и Христо Стоичков.

Откако Ѓорѓе го избра како одговор на прашањето – Зоран Ванев, наместо точниот одговор – Христо Стоичков, кој е најпознатиот фудбалер во историјата на Бугарија и Златна копачка на Европа 1989, во студиото завладеа интересна атмосфера.
Дури и водителот му рече дека не им верува на своите очи, поради избраниот одговор.

-Секако дека знам кој е Зоран Ванев, мислев дека тој порано беше фудбалер, се правдаше Ѓорѓе.

Снимката од случката стана хит во Србија и се споделува на социјалните мрежи, со оглед на тоа што Ванев остана препознатлив лик на тамошната естрада, а неговите хитови ,,Јужна пруга” и ,,Лила, Лила” и многу други, постојано се пуштаат на радио и ТВ станиците.