Ѓоковиќ во експедиција, влезе таму каде што никој не зачекорил 5 илјади години

  • By klaster1
  • мај 7, 2021
  • 0
  • 298 Прегледи

Иако не учествуваше на Мастерсот во Мадрид и се бореше против Рафаел Надал, Данило Медведев и останатите, на Новак Ѓоковиќ не му недостасуваат возбудувања.

Српскиот ас ужива на одмор во Високо ( Босанско), каде што се релаксира и се впушти во интересни авантури.

Во средата, Новак Ѓоковиќ, придружуван од д-р Семир Османагиќ, влезе, исто така, за прв пат, во делот од тунелот Равна со вода, кој е затворен за јавноста!

Низ фотографиите може да се види како светскиот број еден тенисер се забавува, истражува и си ги полни батериите за следните предизвици што го очекуваат.

Овој дел е долг 150 метри и има суви sидови кои ги затвораат страничните премини. Продолжението на тунелот е исто така затворено на крајот од делницата.

Ова е можност да се влезе во тунели во кои човечкото стапало не стапнало илјадници години.