Штипјанката Ленка: Ми вети плочки, му дадов пари и ги платив но останав со празни раци

  • By klaster1
  • мај 9, 2021
  • 0
  • 2303 Прегледи

Трговец из мамник и ги собрал последите пари на пензионерката Летка Атанасова од Штип.

Атанасова уште во септември во на неа блиската продавница нарачала керамички плочки за да го реновира купатилото. Но осум месеци по нарачката неам ниту плочки ниту пари.

-Бев договорена на три рати да ги платам плочките. Првиот пат платив 9 илјади денари, вториот пат 5 илјади а третиот 3 илјади денари.

-И требаше да ми ги донесат плочките, и ми веле денес ќе биде, утре ќе биде и се така од септември месец минатата година, сеуште неможам да добијам ниту плочки ниту пари, вели Летка.

Таа дознава дека таа не е само единствен случај, туку дека тој човек заглавил и други луѓе на кои им земал голема сума на пари.

– Од човекот кој што требаше да ми ги лепи плочките дознав, дека и него го заглавил и му должел 700 евра, а слична ситуација имало и со други клиенти.

– Апелирам да цела јавност да не наседнуваат на вакви из мами, бидејќи ми ги собра последните пари од пензијата, вели Летка за телевизија ,,Стар,,

Зад камерите соседи до дуќанот каде што е изнајмен велат дека трговецот не се појавувал долго време и дека сеуште го нема, а из мамени има и многу повеќе.