Чичко Милан: Куќата може во секој момент да ми падне на глава, со страв си легнувам да спијам

  • By klaster1
  • јули 20, 2021
  • 0
  • 715 Прегледи

Милан Ристески од прилепското село Селце повеќе од 10 години буквално секој ден живее во страв дека куќата ќе му се урне врз глава и ќе го потрупа.

Тој живее во стара куќа изградена од лесен материјал, која почнала да се разурнува уште пред една деценија, од тогаш па се до денес ситуацијата е се полоша.

– Секој момент овде е опас ност по мојот живот, и кога легнувам и кога станувам, во секој момент може да падне врз мене, вели шеесет годишниот Милан.

Последен пат еден од ѕидовите паднал вчера, во дворот на соседите само неколку минути пред тие да поминат покрај него и да заминат на нива.

– Кога се враќавме целиот дел беше паднат овде, а ние минуваме баш токму од овде, да се ангажиран надлежните да ја бутнат куќата, а потоа да му помогнат на човекот со нова куќа, вели соседката.

– Можам да кажам дека ситуацијата е сериозна, мора надлежните да реагираат, не ни се безбедни животните, оваа куќа е многу стара, вели соседот на Милан кој го дели неговото мислење.

Ристевски живее само со социјална помош од седум илјади денари, тој исто така истакнува дека кога врне или кога има снег често пропушта вода.

Тој во тие моменти се крие во помошната просторија, и цело време е во неизвесност што понатаму, тој има приспособено само една соба во куќата која и покрај тоа што ја ,,крпел,, може да се сруши.

– Живеам многу лошо, навистина ми е тешко, со страв спијам, ова не е живот, кога ќе заврне, се кријам во козарникот, каде што чувавме кози.

Милан моли за помош, апелира до сите надлежни, а апелира и до хуманите граѓани, со цел да се реши проблемот со кој се соочува долги години.