Чичко Милан е слеп, но тоа не му претставува пречка неговиот двор да изгледа како од бајките

  • By klaster1
  • јули 15, 2021
  • 0
  • 2508 Прегледи

Брачниот пар Стошиќ доби ласкаво признание дека го имаат најубавиот двор на територијата на градот Крагуевац. Стотици различни растенија растат во нивниот двор, имаат 150 туја во круг.

А, работата за одржување на такви убавини трае, како што вели Слаѓа Стошиќ, најмалку 3 часа на ден. Сепак, таа истакнува дека нејзиниот сопруг е најзаслужен за сè.

Она што е интересно е дека Милан Стошиќ е целосно слеп уште на 11-годишна возраст, но тоа не е му е пречка за да си ги оставри соништата пренесува ТВ Прва.

– Видот е проблем, но не е пречка човекот да биде успешен во животот – вели Милан, кој додава дека нивниот двор е резултат на имагинација, искуства што ги слушнал.

– Сум имал многу неугодности, и непријатни ситуации, но секогаш сум гледал да го извадам најдоброто и да успеам во тоа.

– Моите планови и зацртани работи сум ги остварил, знам дека видот е еден вид ограничување, но се справувам со тоа на најдобар начин.

– Градината ми е секојдневие, место кое ме исполнува и ми дава мир, нешто коа многу ми значи во животот, вели Милан Стошиќ.

Милан цртал со својата рака како што замислуваше како ќе изгледа неговиот двор и на различни начини ги објасни своите идеи на своето семејство и што имал на ум.

Според неговата сопруга, тој исто така бил инспирација за многу соседи да се вратат во нивното родно место и да ги уредат своите домаќинства.

Патем, ова е манифестацијата „Денови на отворени дворови“ во организација на Градската туристичка организација. Овој настан постои во Крагуевац веќе 14 години и има голем интерес за него.