Чичко Војчо: Никогаш нема да си простам што го послушав тато и останав да живеам на село

  • By admin
  • мај 22, 2021
  • 0
  • 2206 Прегледи

Пред некој ден прочитав една статија за еден мој врсник кој многу го фалеше живеењето на село, дури посебно се вратил таму да живее. Ех, кога би било обратно, камо јас да можев да живеам в град.

Ја немав таа среќа, ме спречи татко ми кога бев млад. Кој што сака нека ми каже ама град си е град. Цели 60 години живеам во село и дури сега сфаќам колку подобро сум можел да живеам ако се преселев в град.

Селото си има свои предности кои сите ги знаеме. Прво на долгорочен план, тука е најсвежиот чист воздух кој жителите во градот не го дишат и постепено ги разјадува на овој или оној начин.

Преовладува зеленило, шума, секакви дрвца, големи ливади на кои не можеш да им се наситиш. Во моето село има водоводна мрежа, но ние постарите кои малку останавме се’ уште ја користиме водата од кладенецот на која сме навикнати од мали.

Не е многу големо селото, нема многу луѓе останато, но барем и тие колку сме , сме сложни и си помагаме. За жал јас никогаш не се оженив. Не знам, веројатно таква ми била среќата, никогаш да не се скрасам.

А имав неколку шанси кога бев млад, ама ете, не ги искористив мислејќи дека е рано и дека ќе имам време за женење. Имам уште две сестри и еден брат. Брат ми е заминат в странство одамна, а сестрите се омажени во градот.

Кога тие заминаа татко ми не ме пушти мене, требало јас како најмал да останам и да се грижам за куќата и нивите – не бивало сите да си одиме. Сега често се гледам со нив и тоа ми е единствен начин за да отидам до градот.

Инаку се’ друго што ми треба од таму тие ми испраќаат, и лекови и храна и работи за домаќинството. Кога одам им оставам пари за да имаат кога ќе ми треба нешто. На времето многу ме молеа да се преселам да живеам во градот.

Прво кај нив ќе седам дури најдам работа и стан, а потоа ќе се осамостојам. Ми укажуваа на тоа дека таму многу подобро “господски” би живеел, за разлика од селото и сигурно би нашол жена таму за да се оженам.

Се’ би ми било блиску, и луѓе ќе има околу мене и лекарот ќе ми биде на дофат. Но јас си стоев на моето ветување и воопшто не размислував да си ја оставам куќата и добитокот и да заминам да почнувам од нула.

Навикнат бев на селски живот и не сакав да го менувам тоа затоа си останав на тоа понекогаш да го посетувам градот. Секојпат кога ќе одам кај некоја од сестрите на викенд толку многу му се восхитувам на градот и ми е жал што не можам сега да се преселам.

Со зетовците излегуваме да шетаме, ми покажуваат паркови, институции, некои вредни историски градби и се’ што би можел да го видам како еден турист. Можеби така ми се чини затоа што не живеам таму.

Сум слушнал многу луѓе кои се’ би дале да можат да живеат на село затоа што им е здосадено од градот. Мене па никогаш не ми здосадува, иако не сум млад веќе, сепак се наоѓаат интересни работи и за нас постарите.

Предност ми е тоа што научив од мојот дедо да играм шах и табла, па знам да седнам со мажите од маалото кај сестра ми или во некоја меана па да се заиграм скоро цел ден.

Е тоа ми е вистинска забимација, кај мене в село многу ретко да сретнам некој што знае да игра. Нема толку луѓе со кои може да се размени некој збор. Јас дури немам ни деца и внуци кои би доаѓале да ме видат.

Внуците на комшијата ги гледам како свои и секогаш им давам по нешто. Сфаќам дека како што стареам се’ повеќе ми недостигаат луѓе, гласно зборување, препирање за одредени теми, пиење ра кија и ви но, а се’ тоа веќе е многу далеку останато во минатото.

Еден по еден сите заминуваме и на крај селото ќе ни остане празно. Затоа мислам дека секој треба да си го живее животот како што му е ќеф, затоа што брзо поминува и на крај може да се кае за пропуштените прилики.

Јас на стари години го сфатив тоа и сега се каам за тоа што сум размислувал на погрешен начин и да можам да го вратам времето веднаш би се преселил в град. Родната куќа би ја користел само како викендица и би одел таму кога ќе имам потреба од чист воздух.

Обработил: Д.С Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозовола од редакцијата на Кластер.мк