Во Кочани граѓаните, но и надлежните служби немаат мира ниту денес, на големиот празник.
По големиот пожар пред неколку дена кој со крајни сили и помош од воздух беше локализира, денес повторно нови неубавави сцени.
Градот Кочани повторно е покриен со црни облаци од густ чад по нов голем пожар кој поради силниот ветер забрзано се шири.
Првично голем настана над селото Бели на ридот Сламерник кој е во непосредна близина на Кочани.
Екипи на ТППЕ Кочани се на терен заедно со месното население се бо рат која брзо се шири поради силниот ветар.
Целосно однесе 13 декари лозје, а огнот се можеда да зафати и други земјоделски поседи.
Во моментот месното население се мобилизира за гаснење на огнот кој брзо се шири.
Локалниот сајт „Гласно.мк“ информираш дека пожарот на ридот Сламерник во селото Бело е локализиран и ставен под контрола.
Пожарникарите заедно со месното население успеаа да направат обрач и да го локализираат пожарот. Според информациите од терен изгорени се неколку насади со лозје и сува трева.
На помош на кочанските пожарникари се и екипи од виничката противпожарна служба. Поради пожарот без електрична енергија е целото село.
Пожарникарите и месното население се на терен но поради силниот ветер истиот повторно започна да се шири и стигна до населеното место Драчевик.
Поради ова граѓаните во Кочани на социјалните мрежи започнаа да се мобилизират за да заминат на терен и да и помогнат во гасење.