Херојски потег на 9-годишниот Никола со кој ја спаси својата сестричка Ана Марија

  • By admin
  • октомври 22, 2021
  • 0
  • 2609 Views

Првиот човек на македонското здравство, Венко Филипче и понатаму остана на позицијата Министер иако истата му се нишаше.

Тој вчера во својот кабинет имаше посет за која ја информираше јавноста:

Кога ја прочитав вчерашна сторија за 16 годишната Миа која има дијабетес веднаш ја исконтактирав и ја поканив да се сретнеме.

Миа и нејзината мајка Јасмина денеска на мое големо задоволство ми беа гости на работа. Лично сакав да и соопштам дека денеска започна постапката за набавка на сензори за дијабет кои за првпат во нашата земја ќе им бидат достапни бесплатно на пациентите.

Во првата фаза набавуваме сензори за сите деца до 18 години, група во која спаѓа и мојата денешна гостинка. Со следната набавка ја зголемуваме и годишната граница, наша цел е да обезедиме бесплатни сензори за сите пациенти со дијабетес и со тоа значително да им го зголемиме квалитетот на животот.

Ова е последниот сегмент за целосна промена на сликата за третманот на пациентите со дијабет во нашата земја.

Сега ги имаме најсовремените оригинални инсулини, со кои обезбедуваме третман на дијабетот по примерот на земјите во Европа.

Венко Филипче утрово информираше за уште една убава вест во која што се вели:

Ана Марија и нејзиниот мал брат Никола се деца за восхит! Ова деветгодишно весело момче што сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во нашата земја со што ја спаси својата сестра.

На Ана Марија и беше извршена трансплантација на коскена срцевина и таа ја победи опа сната болест.

Ова прекрасно семејство го запознав на Клиниката за хематологија, си заминаа од болница по долгиот третман кој го водеше стручниот лекарски тим на Клиниката.

На моите колеги им честитам за уште еден успех и триумф над оп асната болест. На Ана Марија и Никола им посакувам безброј среќни моменти и многу здравје

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.