Хајри и Абдула од Скопје:12 години немаме струја, готвено никогаш не сме пробале

  • By klaster2
  • јуни 27, 2022
  • 0
  • 411 Views

Екипата на ,,Срце на Дланка” ја раскажува приказната за двете братчиња кој на 10 и на 16 годишна возраст беа оставени до својата мајка откако татко им заминал на другиот свет.

Тие се грижеле сами за себе. Постарото за помалото братче, но денес токму поради тие случувања постариот брат има тешка бо лест. Помалиот брат нема како да преживее и 12 години се без струја.

Хајри Илијаз од Скопје е момче кое уште кога ќе го видите ќе забележите дека има грутка на срцето и голема та га во очите, и како не кога тој ќе каже дека не знае како изгледа родителска љубов.

Мајката ги остава двете малолетни деца препуштени сами на себе и се премажува. А да не бил постариот брат на Хајри тој не знае дали би преживеал.

Тој му бил и татко и мајка и брат и смисла за живот. Од ваквиот начин на живот и секојдневната неизвесност постариот брат го губи здравјето.

Па денес ситуацијата е обратна, помалиот Хајри се грижи за поголемиот Абдула. Ова семејство веќе дванаесет години не знае како изгледа светлина во ноќта, бидејќи долгот што останал од нивните родители никогаш не можеле да го покријат.

Не успеале да купат ниту мебел а ѕидовите се празни. Храна домашна подготвена не пробале никогаш. Дури и лична хигиена принудени се да одржуваат миејќи се со ладна вода.

Најголема е бо лката кога едно дете ќе биде оставено од својот родител, немањето родителска грижа е голем залак, а таква судбина имаат овие браќа од скопско Лисиче.

– Татко ми не го ни паметам толку, а мајка ми не остави кога имав десет години, па така сами израснавме со мојот брат, вели Хајри пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Немаше ниту кој да не испере ниту кој да ни зготви, беше многу тешко, брат ми започнал да работи на 16 години за да не издржува, додава тој.

Ако го прашате пак Абдула како му поминало детството и што се сеќава, веднаш ќе му потечат солзи и ќе заклучите за што станува збор.

– Кога ќе дојдат родендени и кога ќе се сетиш се што се случува, немаш ни причина да славиш, бидејќи е многу тешко и си сам.

– Најтежок момент ми беше кога мајка ми рече дека ќе оди кај вујко, но таа и злага, отиде кај другиот маж и не остави како знаеме и умееме да се снаоѓаме.

– Како деца честопати сме биле гладни, но сепак најтежок момент беше кога ни ја исклучија струјата, цели 12 години сме без струја и живот на свеќи.

– Да беше мајка ни овде ќе беше друга ситуацијата, но за жал не напушти. Сега се переме рачно и јадеме надвор. Само јас работам и земам минималец а имам и двајца извршители, вели Хајри.

– Брат ми од сите овие ситуации падна многу пие таб лети и е во лоша состојба, јас би ја жртву вал и својата среќа и до крајот на животот ќе го чувам, вели за крај Хајри.

Доколку сакате да и помогнете на овие браќа да мрднат во нагорна линија во животот тоа може да го направите на трансакциската сметка 200003548378041 или на телефонскиот број 075 304 405

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *