Фросина Ташевска Ременски сите ја знаеме како македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика која веќе неколку години не е на некоја функција.
За политичарите општо познато важи дека станува збор за луѓе во фотеља кои работат фини нешта, но Ременски е сосема нешто поразлично.
За разлика од минатото кога често имавме можност да ја видиме дотерана и скоцкана во елегантни изданија, сега се почесто ја гледаме во кежуал облека.
Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделува што прави на природен план. Најчесто тоа е време минато во природата во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.
Ременски е една од ретките политичари кај нас кој може да се видиме во нива со гумени чизми и работна облека како се занимава со некоја земјоделска работа и тоа не е ништо ново.
Она што го работ, како на нива, така и во кујна, Ременски го документира со фото и потоа го објавува на социјалните мрежи за кои исто така пронаоѓа време.
Така и овојпат, кога од своето Ратево, беровско, се огласи повторно споделувајќи ги традиционалните македонски пригтовени јадења на Фејсбук и напиша:
„Хипок ризија е кога вистинската вредност и убавина се потценува, заменува и лажира, заради некаков тренд, помодарство и “урбана” натурализација.
Тоа што 98% од населението јаде без срам – вистински македонско; тоа што произведува домашно, што копа ниви/бавчи, меси и пече леб, толчи и мака лук со пиперки модри патлиџани,
јаде “боб”/грав.. итн., не ги прави помалку вредни од урбаниот ку*Ч што се продава како “култура”, а на штета и со потценување на македонската традиција. И, да.., подобро е да мирисате на лук отколку на прикриена м’рза, лице мерие и ср ам од вистинскиот Живот.
Ако не се доживее и прифати македонската рурална натурализација во предстојниот период на енергетска и кри за за храна ќе се доживее длабоката кр иза на здравјето, опстанокот и.. Идентитетот .“