Фросина Ременски: Израснав и се школував од шнајдерска работа

  • By klaster3
  • јуни 20, 2022
  • 0
  • 331 Views

Фросина Ташевска Ременски во јавноста е позната како македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика која веќе неколку години не е на функција.

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделува што прави на природен план. Најчесто тоа е време минато во природата во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.

Освен тоа, често знае да сподели некој статус на Фејсбук преку кој го изразува нејзиното лично мислење во врска со различни теми. Така и овојпат, реши да посвети текст на сите деца кои доаѓаат од работнички или стечајски семејства.

„Шнајдерско дете, стечајско дете, работничко дете …Колку има вакви деца? Има, и тоа многу. Мојата генерација деца живееја и пре живуваа стечајска суд бина.

Затоа се бун товни и неуморни во бор бата против не правдите – сечии. Родители на улица, заради ал чни газди чиишто интереси и денес се штитат на ниво национален интерес.

Се штитат ајду ците, за сметка на обичниот човек и работник. Се даваат милионски гаранции без било кој да праша како и кога се заработени. Трудова перверција се вика тоа.

Доживеав да се бор ам и да се изб орам неколку илјади стечајци кои со години чекаа минимална пензија од 8.500 денари да добијат надеж и некој денар за “живот”.

Многумина по чинаа… не успејаа да ги поднесат дури ни туж бите за акциите кои им ги украдоа од фирмите пред “подмачканите судии”. Стечаи, из мами, богатења и сеир на грбот на работникот.

Шнајдерските деца по Штип, Паланка и другите градови живеат од трудот и игл ата на своите родители. Нивните мајки деноноќно шијат, пеглаат за да однесат парче леб и да платат школарина на децата кои учат да фатат оо беиот свет, зошто тука …,

децата на амне стираните газди политичари од времето на стечаите на нивните родители им се смеат на трудот, ма ката и “провинцијализам” што вреди многу повеќе од нивното богатство.

Израснав и се школував од таа шнајдерска, стечајска игл а која ги нижеше и надежда и љубовта и упорноста. Работевме ако деца, работиме и сега, без срам, туку си гордо крената глава и упорност.

Нема такво дете кое нема да ја сфати жр твата и цената на таа љубов и дарба на родителот. Додека другите се богатеа, многу семејства знаат кој беа тие кои печалеа на грбот на работникот. Знаеме и денес.

Средна класа (?) …, ќе ја видиме кога децата на стечајските газди и олиг архијата ќе седнат на некоја сингерица за да спечалат за еден месец, а не за џепарац …Ќе дојде и тоа. Ќе се видиме во иднината – ние и вие“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *