(ФОТО) Џими и Анета од Молика му отидоа на Папата

  • By klaster3
  • јуни 23, 2022
  • 0
  • 275 Views

Добро познато е дека Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им е букиран, а се чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.

За нив е познато каде и да се појава секогаш привлекуваа внимание во јавноста, а забавата со Анета и Молика секогаш е загарантирана.

Во една емисија Анета раскажа за интересна случка која ја доживеале со сопругот Џими. Имено, иако Анета не ги сака моторите, еднаш се случило да посака да проба да вози, но за не среќа паднале.

– Сефте паднавме, ми вика исто е како кола, викам како исто. Јас сум против моторите, ни веспа не знам да возам. Се качивме двајцата, прво свртивме еден круг со едниот мотор. После седнавме и не знам што направив и туража и кочница и наеднаш почна да скока моторот и паднавме.

Но, додека нема настапи, слободното време Џими го користи да го помине во природа со својот мотор. Па така беше случај и пред некој ден кога помина навистина долга рута во износ од 356 километри.

Во последно време речиси и да нема викенд, а Анета Мицевска со нејзиниот сопруг Џими Молика да не патуваат негде надвор од границите на нашата држава.

Но освен професионално, тие се почесто патуваат и приватно. Првата половина од годинава ја одбележаа и со посети на едни од најлуксузните места во светов како Дубаи и Лондон, а веќе ги очекува голема прекуокеанска турнеја.

Први ќе настапуваат во Австралија, а потоа и во Канада и Америка каде што тамошните македонци со нетрпение ги очекуваат по подолгата пауза поради вирусот.

Деновиве, според објавите на социјалните мрежи, Џими и Анета заминаа на патување во Италија, во главниот град Рим каде што беа во обиколка на градот.

Освен тоа, ја посетија плажата Фиумичино во Рим, но и палатата на Папата Франциск, а моментот го споделија и на Фејсбук каде што Џими напиша: Кај Папата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *