(ФОТО) Ќерките на Гавазова тргнаа по нејзините стапки: Овој ден го чекам цел живот

  • By klaster3
  • октомври 26, 2022
  • 0
  • 279 Views

Општо познато е дека приватниот живот на славните личности секогаш привлечен за обичниот човек, па со право и интересот и љубопитноста да се дознае нешто плус.

Како и за сите познати личности од јавниот живот, истото важи и за Сузана Гавазова, една од најдобрите македонски фолкерки и воедно најбарани.

Сузе ја има буквално сегде, што прослави, што настапи по локали, но и на отворено. Едноставно публиката си ја сака Сузе, а таа знае како да возврати и да направи забава за паметење.

Нејзиниот Фејсбук профил е полн со слики од настапи насекаде, и со слики од нејзините фанови како се фотографираат со неа.

Освен тоа Сузе е докажана и на приватен план каде е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна а заедно живееја во Шведска.

Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Ако некоја пејачка во Македонија е зафатена, тоа е токму Сузана Гавазова. Струмичанката е постојано на снимања, патувања, настапи, како ширум Европа, така преку океанот.

Сузе како што е познато со професионална музичка кариера почнала да се занимава уште од многу млада и на сцената опстојува со години.

Со оглед згуснатиот распоред речиси и да нема ден а Сузе да не се дружи со микрофонот и да нема настап, но уште еднаш покажа и докажа дека може да се има баланс со приватниот живот.

Гавазова докажа дека кога се сака, се може се, па најде време и за своите најсакани, фамилијата со која се дружеше на заедничка софра.

А она што најмногу привлече внимание е учеството на нејзините ќеркички на детски музички фестивал со кој веќе почнаа да ја трасираат музичката патека. По тој повод Сузе на Инстаграм сподели:

„Вечерва драги пријатели од 20:00 часот во домот на културата „Антон Панов“ моите ќерки ќе пеат на фестивал „Вртелешка“ во Струмица.

Многу сум среќна што тргнуваат по патот на музиката! Овој ден го чекам цел живот!“

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.