(ФОТО) Христијан Мицкоски ги покажа своите родители, па сподели каде падна паричката

  • By admin
  • јануари 6, 2022
  • 0
  • 544 Views

Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во текот на денот се обрати преку фејсбук каде што сподели:

Дозволете ми од мое лично име, и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам најголемиот христијански празник Рождеството Христово – Божиќ, тоа е денот кога започнува спасението, зошто да не беше Божиќ, немаше да го имаме Велигден, а со тоа и Воскресението и Божјото спасение за луѓето.

Во овие мигови важно е да бидеме сплотени, со чесна мисла, и со добри дела, само така ќе имаме мир и спокој во душите, но и во рамките на нашите можности ќе го менуваме општеството на подобро.

На трпезите оваа година за жал ќе имаме една горчина поради се поголемата економска кри за и немаштија и тоа се работите кои човека го оставаат нерамнодушен, но и треба да се голем поттик за работите да ги менуваме, а ќе ги менуваме заедно, со верба, надеж, знаење и мотив за иднина каква ја заслужува секој еден човек.

Затоа сплотени и со верба во Бога да работиме за подобро, да создадеме услови кои ќе значат поттик и ослободување на интелектуалната сила и креација на секој еден човек, да ја ставиме на располагање секоја движечка сила во функција на заедничкиот развој и промени кои ќе донесат иднина.

Нека Христос ви подари мир и спокој, да ве води низ животот и да биде вашата сила, за хармонија, развој вам и на вашите семејства. Христос се роди!

Вечерва пак Мицкоски повторно се огласи и сподели фотографии од своите родители и деца и откир каде паднала паричката.

Кај дедо Иван и баба Елица, кај и да си за Бадник дома да си, Јован и Антониј кај баба и дедо за Бадник.

Традиционално за Бадник кај моите родители, оваа година паричката кај Јован! Христос се роди!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *