Поранешната министерка Фросина Ременски откако се повлече од политичкиот живот реши да се посвети на фамилијата и домаќинството.
Чести се нејзините објави на социјалните мрежи каде ги споделува специјалитетите што ги приготвува, но и земјоделскиот род во село Ратево.
За разлика од минатото кога често имавме можност да ја видиме дотерана и скоцкана во елегантни изданија, сега се почесто ја гледаме во кежуал облека.
Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата, во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.
Искористете ги плодовите на есента од бавчите кои заминуваат и наредете ги на лебно тесто. Наречете ги пици и дајте им име.
Или поточно во работничка, во гумени чизми, плетење елечиња, маички по кратки и слично. Што се вели, складно за на нива и за земјоделски работи.
Освен тоаа поранешната министерка често е и во кујна каде готви традиционални македонски јадења, често со продукти кои самата ги произведува.
Така беше и овојпат кога на нејзиниот профил на Фејсбук се огласи и сподели рецепт во кој искористила есенски плодови од нејзината градина:
Денес на мени три вегетаријанки и една италијанка – четири тавчиња тенко лебно тесто наредено со зеленчук од бавчата -тиквица блитва, кромид, морков модар патлиџан пиперка, патлиџан и зачинските билки како закон за вкус (мајчина душичка, босилек и магдонос).
Евтино, здраво, вкусно и убаво за око ако сакате да ги израдувате децата, да внесете креативност и јавно да споделите. Засукајте ракави и месете тесто.