(ФОТО) Фолк ѕвездата Сани освен на сцена, знае да се снајде и во кујна – се покажа дeка е вистинска домаќинка

  • By klaster3
  • април 1, 2022
  • 0
  • 463 Views

Сања Гроздановска или скратено Сани низ годиниве што изминаа од талентирана девојка која излезе од едно од македонските музички натпреварувања, прерасна во најголемата млада македонска фолк ѕвезда.

Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи.

Македонската фолк пејачка во август 2018 година го кажа судбоносното ,,ДА” и влезе во брачните води со бодибилдерот Мартин Гроздановски.

Но набргу потоа тие според сознанијата на ,,Бекстејџ” се развеле, од првиот брак Сања има ќерка а сега и од вториот брак уште една.

Тие живеат одвоено, а во една прилика Сани отворено кажа во каква ситуација се наоѓа: Предност што млад стапуваш во брак е тоа што јас имам време уште петпати да се мажам.

Таа е мошне активна и на социјалните мрежи, па така неодамна со своите фанови сподели една убава вест. Имено се поднови со нов автомобил од марката Мерцедес Ц200 бела боја чија пазарна цена е околу 20.000 евра.

По потекло од Куманово, од пред извесен период е преселена во Скопје, каде купила стан, вели дека со напорна работа и јасна амбиција, се може да се постигне во животот.

„Започнав да заработувам сама, од музика уште на мои 16 години. Автомобилот, како и станот во кој живеам си ги купив сама. Преубаво е чувството кога не бараш ништо од никого, кога можеш да се потпреш на себе, на својот труд“, изјави во интервјуто за Фокус.мк и додаде:

Сакам на сите девојки да им порачам никогаш да не чекаат ништо од било кого, туку да бидат самостојни. Нема цена задоволството кога сам одлучуваш што ќе правиш со твоите пари, кога не зависиш од никого и кога не треба никому да се правдаш за своите одлуки“.

Згодната кумановка знае да биде многу забавна и кога е надвор од сцената, а за тоа дури и не мора лично да ја познавате.

Доволно да сте и пријател само на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто и од приватниот живот.

Имено, Сани покажа дека не знае само да пее и да ја воодушевува јавноста со нејзиниот изглед и шарм, туку умее да биде и вистинска домаќинка.

На нејзиниот Инстаграм профил сподели фотка во која ги прикажа приготвените мантии. Според коментарот сигурно некој не верувал во нејзините способности, па Сања се докажа без сомнение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.