(ФОТО) Уште еден ерген помалку – се ожени Павле Богоевски и се скраси со докторка

  • By admin
  • септември 17, 2022
  • 0
  • 314 Views

Иако млад, името и презимето на Павле Богоевски е добро познато на пошироката македонска јавност.

За оние кои не заат да кажеме дека е македонски граѓански активист и независен пратеник во деветтиот состав на Собранието на Република Македонија.

Павле дипломирал на факултетот за безбедност при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На парламентарните избори во 2016 Богоевски станал пратеник како петти носител на пратеничката список на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата освоила 10 пратенички мандати.

Богоевски претходно работел како асистент на факултетот за безбедност во Скопје и ментор во полициската академија, а потоа и во ЛГ БТ центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Богоевски беше еден од предводниците на протестното движење „Шарена револу ција“ кое барало поништување на аболициите кои претседателот Ѓорге Иванов во 2016 ги дал на 56 лица опфатени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

Павле беше обви нет за фрлање боја врз фасадата на министерството за култура за време на протестите од 18 април, но судс ките рочишта повеќепати се одлагале бидејќи обвинителството не пресметало колкава материјална шт ета била предизвикана.

Во мај 2019 година откако беше објавена аудио снимка на вконтакт според која Богоевски наводно нарачува нар котици во јуни Богоевски официјално си поднесе оставка од функцијата пратеник.

Поранешниот пратеник Павле Богоевски се ожени со штипјанката д-р Александра Михаилова, а свадбената забава се одржа во Вила Ина на Водно.

Фотографии и видео снимки од настанот кој се случи синоќа под отворено небо се споделуваат на социјалните мрежи, а помеѓу гостите бил и поранешниот министер за информатичко општество Дамјан Манчевски, пратеничката Снежана Калевска Ванчевска и многу други јавни личности.

Богоевски и неговата избраничка беа во врска околу пет години, а лани во август тој ја побара за жена на хрватскиот остров Хвар.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.