(ФОТО) Татјана Стојановска покажа дека е вредна домаќинка – сподели како се подготви за Велигден

  • By admin
  • мај 1, 2021
  • 0
  • 1706 Прегледи

Популарната Татјана Стојановска важи за една од најдобрите, најелегантни и најискусни македонски ТВ презентерки.

Таа секогаш пред ТВ камерите е средена и професионална, а многумина ќе се сложат дека за неа времето како да застанало.

Татјана е една од најубавите жени во Македонија, а многупати медиумите и следбениците и го дадоа епитетот дека старее како добро вино.

Стојановска е со години пред екраните и камерите и секогаш може да ја видиме средена, со шминка и во изданија прилагодени за нејзината професија.

Нејзините почетоци во Македонската телевизија беа во 1993 година, а веќе во 1999 го доби признанието за најпопуларно ТВ лице, следната година беше презентерка на годината, а исто така и во 2001 беше изборот на читателите за најдобра спикерка.

Стојановска имаме прилика да ја гледаме на вестите на Канал5 телевизија каде со години професионално си ја работи својата работа.

Иако не е премногу активна на социјалните мрежи, понекогаш знае да објави некоја фотографија, а ретко имаме прилика да ја видиме во поразлични изданија од оние на кои сме навикнати.

Популарната презентерка Татјана Стојановска одлучи со своите фанови да споделие ден детал од нејзинито дом во пресрет на големиот празник Велигден.

Таа сподели фотка од велигденски јајца и напиша: За многу години Велики четврток