Спасе Јовановски уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до б ола“, прекар кој веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи.
Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар… Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“.
Како што самиот напиша во една прилика, во ТВ Сител е веќе пет години и јавноста го гледа како презентер на временската прогноза.
– Доколку сум прва смена на работа во мојата матична куќа “Сител“, тогаш денот за мене почнува во 5 часот наутро“, раскажа во една прилика познатиот Тв презентер од Сител.
-Станувам, неколку минути се растегнувам и влегувам под туш. По тушот следи едно јако еспресо кое го пијам со татко ми, бидејќи тој ми е “бек ап аларм“ доколку не го чујам алармот“, додаде тој за својот дневен ритуал.
Утринава во раните утрински часови на 77-годишна овој свет го напушти Трајче Андонов кој долги години беше презентер на временската прогноза на Сител Телевизија.
Тој почна да работи во Сител Телевизија во 2014-та година по јавување во утринската програма „Ја сакам Македонија“ каде што беше препознаен неговиот глас и неговата желба да биде пред камерите.
Омилениот „дедо Трајко“ долго време беше заштитно лице на временската прогноза на ТВ Сител.
По повод ова преку инстаграм се огласи неговиот колега Спасе кој емотивно сподели фотка од него и притоа напиша: