За Сашко Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален план, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.
Без сомнение важи за еден од најдобрите македонски актери кој знае секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвен да зборува.
Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи.
На неговиот Фејсбук профил Сашко Коцев вчера сподели убава вест – по првпат успеале да адаптираат една театарска претстава која можат да ја разберат лица со поп реченост.
„Уметност без граници Вчера, на големата сцена во МНТ ја одигравме претставата „Не се клади на Енглези“, но за првпат, наша публика беа глуви и наглуви лица.
Ова несекојневно доживување ни го овозможи ПР агенцијата „Репресент“ – Represent Communications Macedonia од Скопје, која одлучи своите 5 години постоење да ги одбележи со програмска активност од општествена одговорност и со инклузија на луѓето со попре ченост.
Салонот на МНТ беше полн со луѓе, кои докажаа дека уметноста нема и не треба да има граници. Се најдовме на иста фреквенција со Репресент и многу лесно ја адаптиравме претставата за сите да можат да ја видат и уживаат.
Пред полн салон публика од 300тина луѓе, помеѓу кои, најголемиот дел беа лицата од Сојузот за глуви и наглуви лица и со обезбедување професионални преведувачи на говорен јазик заедно создадовме момент за паметење.
Да продолжиме со активно и директно учество во создавањето на подобро општество за сите!“, напиша Сашко Коцев на Фејсбук профилот.
Претседателка на „Здружението на лица со церебрална парализа – Велес“, Далиборка Златева, неодамна рече дека како прв лиценциран давател на социјалната услуга – живеење со поддршка, во Општина Велес,
подготвени се за нега, грижа, социјализација и интеграција во општествениот живот на лицата со поп реченост и дека во наредниот период очекуваат да се отворат уште четири дома.
Златева на социјалните мрежи често ги споделува бројните активности на здружението, па така се огласи по повод посетата на познатите актери.
„Денес во малиот групен дом на сервисната услуга “Живеење со поддршка” на Здружение на лица со це ребрална пара лиза и други поп речености – Велес во посета дојдоа актерот Сашко Коцев придружуван од организаторите на Фестивалот “5РЕ” актерот Жарко Спасовски и Ненад Витанов.
Целта на посетата беше да ги запознаат корисниците на услугата и членовите на невладината организација и на тој начин да дадат поддршка на лицата со попрече ност и процесот на деинституционализација. Благодариме за поддршката и посветеното внимание!!!“