(ФОТО) Саша Поповиќ во Скопје видно насмена и гушнат со познатата македонска пејачка и водителка

  • By admin
  • јуни 23, 2022
  • 0
  • 337 Views

За Саша Поповиќ кој изгради име со шоуто „Ѕвездите на Гранд” речиси да нема кој не слушнал на просторите на поранешна Југославија.

Почетоците на неговата кариера датираат од 1976та година кога како хармоникаш го основа бендот Лира шоу во кој по извесно време како пејачка доаѓа Лепа Брена. Со неа постигнуваат огромен успех и името го менуваат во „Слатки грех“.

Како дел од „Слатки грех“ со Лепа Брена, Поповиќ патувал низ целиот свет на турнеи или снимајќи видеа на егзотични дестинации. Во поранешна Југославија Лепа Брена и бендот беа најпознати изведувачи и правеа по 30 концерти во еден месец.

Саша Поповиќ е и семеен човек. Тој и неговата сопруга Сузана го имаат синот Александар. Поповиќ рече дека во проблемите секогаш и се обраќа на сопругата, која е мирна и насмеана жена.

Иако важи за еден од најбогатите луѓе на естрадата во Србија и регионот откако ја продаде Гранд продукција, сепак милионите не му се пречка и понатаму да продолжи со „Ѕвездите на Гранд”.

Освен тоа медиумите кај нашиот северен сосед пишуваа дека заедно со колешката Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташкет влегол и во градежниот бизнис и градат згради.

Како што е познато низ ова натпреварување во годинините наназад продефилираа и бројни македонски пејачи и пејачки, а така ќе биде и во новото издание.

Имено пред десетина дена, поточно на 13. јуну Саша Поповиќ беше во Македонија каде селектираше нови потенцијални таленти, а аудицијата се одржа во просториите на Канал 5 тв.

Друштво на Саша Поповиќ во жирито му правеше нашата позната пејачка и водителка, Бојана Скендеровски која ја овековечи оваа средба со фотографија која што ја објави на фејсбук

Од истата може да се забележи дека се гушнати и видно насмеани и двајцата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *