(ФОТО) После Кајмакоски и неговата бивша сопруга, Кристина, се реши да го покаже своето момче

  • By klaster3
  • септември 20, 2022
  • 0
  • 375 Views

Кристина Димитријевска која ја освои тутулата на Мис Балкан, е една од нашите најпознати манекенки и фотомодели.

Откако пред три години се разведе од Кајмакоски, моделот, а од неодамна и пејачка, Кристина Димитријевска, продолжи со кариерата и повторно се врати на сцената.

Кристина за време на пандемијата освои необична тутула за Мис, Мис карантин. Да се биде „Мис карантин на светот” е ново искуство и титула која секогаш ќе ја паметам. Конкуренцијата беше преку 200 девојки од целиот свет“, изјави Кристина за тоа искуство.

Освен што и се врати на манекенската кариера, која ја стави во мирување кога во 2017 година го доби синот Давид во бракот со музичарот, таа периодов е една од најангажираните пејачки во нашите клубови, а настапува заедно со диџеј Боно.

Според заедничките фотографии кои ги објавуваат на социјалните мрежи, а на кои се гледа нивната блискост, не требаше многу, а да започнат шпекулациите дека музичкиот пар е во врска.

„Иако се знаеме кратко, имам чувство дека се познаваме со години. Поради таа близина, која се гледа и на сликите, најверојатно се појавија муабетите дека сме во љубовна врска“, изјави Кристина.

Кристина најчесто е поврзувана со епитетот бившата на Кајмакоски, но вели дека не се срами од тоа, а сигурна дека со градењето на кариерата, со успесите кои ќе следат, тоа ќе се тргне.

„Ми смета тоа што кога сум донела некоја титула, некоја песна, медиумите секогаш сакаат да го поврзат него со мене, ама знам дека еден ден ќе се избрише тоа“, вели таа.

Кристина искрено проговори за првиот впечаток кој го имала за нејзиниот поранешен сопруг, во споредба со сегашното мислење.

„Пред неколку години првиот впечаток ми беше дефинитивен – тоа е тоа, леле добар човек, сега го немам тоа мислење, ми треба време и сето тоа го прави искуството.

Да не паѓаш баш на прв впечаток, за физички изглед или ти се свиѓа или не, ама за карактерот треба да оставиш да се докаже“, кажа таа во емисијата Нешто конкретно.

Неодамна Кајмакоски конечно се огласи и ја покажа новата љубов, а сега и Кристина реши пред своите фанови да признае: Конечнооо да ве запознаам со моето момче. Станува збор за нејзиниот колега ДЈ Боно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.