(ФОТО) Познатото ТВ лице од Сител откри дека работел во супермаркет

  • By klaster3
  • мај 11, 2022
  • 0
  • 445 Views

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар… Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“.

Денес, Спасе Јовановски е познат како еден од презентерите на временската прогноза на ТВ Сител.

Спасе уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи.

Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска кој воедно е нејзин најдобар другар со кој Лила се дружи уште од многу одамна.

– Покрај обрвските во “Сител“ со временската прогноза, јас стојам како извршен продуцент на инстаграм профилот на мојата блиска другарка Лила Филиповска.

Таму сум задолжен за фотографиите, видеата, локациите каде што ќе бидат снимани тие материјали, претходно секако состаноци со клиентите за кои работиме, изјави Спасе.

Еднаш на Инстаграм профилот Лила одговараше на прашања во стори, а едно од нив гласеше: Ептен супер друштво ти е другарчето Спасе, секаде си го носиш, а Лила одговори: Он ми е и другар и соработник и кај и да е ќе го посвојам.

За себе често знае да искоментира дека е ѕвезда, а во една прилика упати порака: „До професорот у средно што рече дека од мене НИШТО НЕМА ДА БИДЕ и што ме остаи на полагање у сред АВГУСТ…Па професоре, ЦВРЦ, мало сте се зезнули. Види у каква ЅВЕЗДЕТИНА се претворив!“

Јовановски, како што самиот сподели, веќе 5 години е во „стабилна врска“ со Сител ТВ, но призна дека се занимавал и со друга професија.

На неговиот Инстаграм профил им даде можност на неговите следачи да му поставуваат прашања, а тој да одговара искрено,па следеа навистина интересни прашања и одговори.

Сподели дека за 10 години би сакал да биде во Холивуд, но и да го посети Њујорк. Меѓу другите, едно од прашањата беше да предложи место за работа за средношколец.

Спасе на тоа одговори: Јас за време на летните распусти, хонорарно сум работел во драгстор и супермаркет. Можеш да разнесуваш летоци, да бидеш испомош во кујна во ресторан или во диско…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *