(ФОТО) Познатата македонска водителка во друштво на Здравко Чолиќ

  • By admin
  • октомври 24, 2021
  • 0
  • 1563 Views

ТВ водителката Милена Антовска не само со својата позитивна енергија рано наутро пред камерите на утринската програма, туку и со својот изглед успева да ги расони гледачите и да им го привлече вниманието.

Водителката Милена Антовска- Станковска од Канал 5 е омилена кај глеачите и поради својата спонтаност пред Тв камерите.

Ретки се личностите од естрадата кои може да се пофалат со едно вакво поведение.

Единствено врвни професионалци во својата работа, можат да кажат дека за нив не се пишувало во негативна конотација.

За нејзиниот изглед и модните комбинации во кои се појавува се пишува доста, но таа секогаш знае да се појави во некоја интересна и впечатлива комбинација која заслужува внимание.

Таа едноставно ја носи ѕвездата на успешноста во себе. На прсти можат да се избројат кај нас јавните личности од овој калибар.

Како што веќе е добро познато, водителка на Канал 5 ТВ, Милена Антовска е бремена и по втор ќе стане мајка.

Имено, Милена и нејзиниот сопруг Гордан Станковски повторно ќе станат родители, а нивната ќеркичка Лана Марија ќе стане постара сестричка.

Овие убави вести, Антовска ги потврди во едно неодамнешно интервју за кое го откри полот на бебето.

-Да вистина е, на половина бременост сум, уште малку ќе бидам во петиот месец. Очекувам бебето да не израдува во јануари. Веќе се знае дека е женско, наша втора ќерка, а Лана Марија ќе добие сестричка.

Уште едно девојче, навистина сум многу среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме син, но не ми е важно. Нели ќерките повеќе ги чуваат родтелите, па ако е така јас и Гордан ептен ќе бидеме чувани“, изјави летово Милена.

Таа исто така е активна и на својот профил на Инстаграм каде што сподели еден спомен, односно фотка од пред  три години на која позира заедно со една од најголемите балкански музички ѕвезди, Здравко Чолиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.