Во „Викенд на мртовци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а нѐ смееше и како дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хихирику“ и многу други.
Од скопскиот Драмски театар, патот го одведе близу до Холивуд, во Лос Анџелес. Легендарниот Димче Мешковки, за пријателите, а и за публиката Мешко, долги години живее со сопругата во Санта Моника, САД.
Мешковски го толкуваше ликот на Сивиќ во претставата “Диво месо” од Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски, претстава која е добитник на најголем број награди во историјата на фестивалот Стериино позорје во Нови Сад.
За 35 години, тој има околу 6.000 претстави, над 100 премиери, а вели дека нема ниту една снимка од негова претстава, ниту една ТВ снимка.
„Во една прилика, се сретнав со покојниот Тоше Проески. Тој ме најде случајно, во едно бифе и многу непосредно ми пријде. „Може ли да седнам со вас“, ме праша. „Тоше, како да не, многу си ми драг“, го поканив.
Тогаш ми рече нешто многу впечатливо и неочекувано. „Да ви кажам, толку многу патувам, настапувам, снимам, што едвај чекам да стасам во Крушево, да си пуштам цеде и да ве гледам во „Викенд на мрт овци“.Тоа ме релаксира најмногу, и затоа пријдов да ви го кажам тоа“.
Многу ме израдуваа и ме трогнаа тие зборови. Му реков дека јас немам ниту едно цеде, ниту една снимка од тој филм. Тоше веднаш ми се понуди дека ќе ми направи копија. Три дена по таа наша средба се случи траг ичната сообраќа јка и Тоше заг ина.
И јас тогаш, само поради тоа што тој ми вети, му се јавив на еден пријател од една приватна телевизија која често го пушташе филмот, и го замолив да ми направи копија. Да не беше средбата со Тоше, немаше никогаш да ја имам“, откри Мешковски.
Легендарниот актер е задоволен од животот во САД, но вели дека многу работи му фалат од Скопје. „Прво, ваквото дружење, ваквата комуникација со луѓе ги немам таму. Потоа ми фали театарот, театрите таму се полуаматерски, не се доходовни“.
Пред извесно време, после 4 годишна пауза, повторно дојде во Скопје за што посведочија фотографиите од неговите колеги и пријатели. Меѓу нив е познатата ТВ водителка на „Брза кујна“, Сања Савеска која сподели емотивна објава за него.
„После 4 години повторно кафе со најдрагиот мој чичко Димче. Срцата полни. Имав само 15 години кога го запознав во радио, тогаш бевме колеги
Се воодушевував и радував што имам од кого да учам…и дека работам во исто радио со познатиот Мешко. Наскоро токму тој ја отвори првата школа за актерска игра, и без размислување се запишав.
Тоа школо што го добив таму не се плаќа со ништо. Отидов да научам нешто повеќе за театарот и актерството, но научив многу повеќе. Животни лекции што ги нема ниту во книгите.
Учев од вистински професионалец, и научив што е професионалност во работата. Таа школа ми ги отвори вратите во медиумите. Со него игравме претстави. Гледавме претстави.
Бевме млада екипа која ги синхронизираше цртаните филмови во тогашната А1 телевизија. Ни даде вистински можности да ги истражиме и запознаеме медиумите.
Ми стана учител, ментор и вистински пријател. Повеќе од 20 години сум благодарна што чичко Димче го имам за вистински пријател, мој и на моето семејство. Човек што ретко се раѓа и наоѓа. Мој чичко Димче, ти благодарам за сè!“