(ФОТО) Повторно голема редица на Македонци за бугарски пасош во Софија – се делеа и поклони

  • By admin
  • јуни 10, 2021
  • 0
  • 350 Прегледи

Како што е познато голем број Македонци во изминатите години добија пасош на соседна Бугарија, пред се поради полесно добивање на работа во странство.

Во исто време интересот за овој документ не спласнува помеѓу нашите граѓани, па голем број веќе се во процедура и исчекуваат да го добијат, а дополнително има и оние кои поднесуваат.

Поради ситуацијата со вирусот целата работа некако спласна и се намали во изминатата година, но спред последните информации повторно се враќа.

Како што пренесуваат медиумите кај нашиот источен сосед, повторно се видливи колоните на наши граѓани.

Бугарскиот весник „Труд“ објави за голема редица македонски граѓани во Софија, кои чекаат за да добијат бугарски пасош.

„Минерална вода и книги од автори како Симеон Радев и браќата Миладинови беа дистрибуирани од Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија“ на оние што чекаа пред Дирекцијата за бугарско државјанство во Софија“, известува „Труд“.

Редицата на лицата кои што аплицираат за пасош повторно се зголемила како пред пандемијата, бидејќи поради строгите ограничувања на институцијата поради ковид-кризата, таа не прифаќала документи на апликантите веќе подолго време.

„Повеќето од луѓето во редот се државјани на Република Северна Македонија, кои со автентични документи потврдуваат дека имаат бугарско потекло и сакаат да ги добијат наш пасош и државјанство“, пишува бугарскиот весник.