Важи за една од најпознатите хрватска пејачка, модел и писателка, а тоа е Нивес Целзиус Дрпиќ која деновиве е во Скопје.
Целзиус и тоа како знае да привлече внимание во јавноста и во медиумите, а тоа го прави на свој препознатлив начин и неретко со фотки со малку или потполно без облека.
Надарената хрватка која важи за една од најубавите дами во својата држава со своите облини секогаш гордо се фали каде и да се појави и ги истакнува.
Како што е познато единственото спортско радио во Македонија, Спортско Радио 90.3 фм годинава организира 30 јубилеен Турни во мал фудбал.
За таа цел вчера во Вила Водно организираше и приме првиот човек на нашата држава Стево Пендаровски за гостите на овој турнир.
Честитки до Sportsko Radio 90.3 fm за организирањето на 30. јубилеен „Турнир во мал фудбал“, кој годинава има хуманитарен и меѓународен карактер.
Со поддршка на вакви спортско-забавни манифестации го поттикнуваме развојот на спортските активности и пред сè на спортската култура во нашата земја.
И овој пат се докажа дека спортот е фактор што нè обединува. На сите медиумски работници кои учествуваат, им посакувам успешен турнир.
Помеѓу многуте гости од поранешните југословенски републики беше токму и Нивец Целзиус која искористи можност да се фотографира со претседателот Стево Пендаровски.
Освен тоа при влезот во Вила Водно, Нивец Целзиус реши да привлече дополнително внимание, што и успеа иако беше далеку од протоколарно.
Имено таа реши да ги бакне во обрз македонските гардисти кои стоеја при влезот и притоа напиша дека не се стр оги како они во Обединетот Кралство.