(ФОТО) На Ферус Мустафов не му се чека, замина од Македонија и веднаш засвире

  • By admin
  • мај 21, 2021
  • 0
  • 6631 Прегледи

Без сомниение Ферус Мустафов важо за еден од најдобрите и најбарани македонски кларинетист и саксофонисти. Мустафов е роден во Штип, Југославија, во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров.

Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.

За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.

После една година во ена служба, за време на која тој ја воспоставил својата репутација играјќи на вечерни танци, тој се преселил во Сараево, Босна и Херцеговина, каде ја презел водечката улога на популарност на народната музика што се случила таму во тоа време.

Подоцна станал директор за музичко програмирање на ромски јазик за Радио Телевизија Скопје и се здобил со меѓународна публика преку изданијата на албумите на светските музички записи како што се Глобус Стил и Тропски. Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.

Што и да се напише за него би било премалку, прескромно и не би можело да го опфати целиот негов досегашен живот, живот полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот…затоа што него го нарекуваат “кралот на саксофонот” и така го препознаат сите.

И не постои човек што не слушнал за него и за неговите магични прсти со кои неговиот саксофон ни ги дарува сите звуци на радост и среќа, како што е создаден самиот инструмент за тоа и како што се раѓаат вистинските мајстори што умеат со нив. Таков еден си имаме и ние…еден и единствен – Ферус Мустафов.

И она што сите го знаат затоа што Ферус секогаш искрено раскажува…горд е на своите внуци кои успешно чекорат по неговите стапки…знае да свири на 13 инструменти, но неговата најголема љубов е саксофонот…омилени бои му се белата и црната по што себеси се нарекува црно – бел човек

Ферус Мустафов, мајсторот на дувачките инструменти во последните свои интервјуа јасно кажа дека не е задоволен од она што се случува во Македонија и од заработката.

„И турнеите не се тоа што беа, а и нашиве пејачи не настапуваат многу. Сега повеќе снимам и гостувам во соседна Србија, кај нас нема веќе пари“, искрен е Ферус кој вели дека иако нема толку пари, сепак е среќен што покрај себе ја има љубовта на својот живот со која се е полесно..

Пред неколку месеци Ферус истото повторно го најави.

Најискрено, ќе ја напуштам државата ако продолжи вака. Ќе се преселам во Србија, барем таму колегите слободно си свират. Ќе се вработам во некоја телевизја, имам понуди за музички директор и таму ке си живеам и работам. Не знам зошто не дозволуваат да свириме?.

Се чини дека најавијте се овистинија откако може да се забележи на социјалните мрежи како Ферус Мустафов во соседна Србија веќе свири и снима.

Својствено за него, тој повторно е опкружен со убавици, овојпат со Милана Човикановиќ со која снимаа програма.