(ФОТО) На Сузе човек да и подзавиди: Гавазова од теретана покажа како се стегнала

  • By admin
  • мај 20, 2021
  • 0
  • 659 Прегледи

За Сузана Гавазова не е потребно да се трошат многу зборови. Струмичанката е докажана на музичката сцена и со нејзиниот глас и стас каде и да се појави привлекува внимание.

Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Сузана Гавазова и во време кога е без ангажмани останува една од најактивните, ако не и најактивна македонска пејачка.

Иако без настапи а со тоа и без заработка, за разлик од многумина наши музичари, Сузе и тоа како е активна во тековната година.

Како што е познато, на почетокот од 2021-ва, Гавазова ја промовираше нејзината најнова песна насловена “Прстен несуден”, заедно со спот кој што го изработи ИН Продукција под режисерска палка на Даниел Јовески.

Но Сузе тука не застана па на големиот верски празник Велигден повторно ги почасти своите фанови со една голема новoст.

Имено Гавазова ја промовираше својата нова песна со видео запис насловена како „Аманет“.Спотот е снимен на неколку локации и нуди одлични кадри а фановите и тоа како позитивно реагираа.

Со олабавувањето на мерките стигна и најава дека би можело за околу еден месец да започнат да се прават и свадби кои се едно од омилените настани на нашите музичари за заработка.

Како затоплува времето и наближува летото, а со тоа и најавите за работа, така и Сузе се понапорно работи на својот физички иглед.

Гавазова на својот профил на инстаграм сподели низа фотки од теретана и може да се забележи дека добро се стегнала.