(ФОТО) Наум Петрески искрено кажа што мисли за Македонките

  • By klaster3
  • мај 15, 2022
  • 0
  • 369 Views

Кога станува збор за Наум Петрески цела македонска јавност знае дека тој е еден од најпознатите и докажани фолк-пејачи во земјава.

Роден е на 7 декември 1966 година во Охрид. Детството и дел од возрасните години живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.

Кога Наум Петрески настапува забавата и атмосферата секогаш е загарантирана. Неговите песни и хитови се едни од најслушаните, како кај нас, така и во дијаспората кај нашиниците.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

Наум од скоро се проба и како актер и тоа на почетокот со еден од најголемите професионалци во оваа професија. Станува збор за реклама за познат македонски бренд на пиво која ја снимија заедно со Сашко Коцев.

Пејачот е активен и на социјалните мрежи каде што објавува фотки од некоја специјална прилика или пак најава за настан, но често може да се „улови“ како коментира на други Фејсбук профили.

Имено, неговата колешка, фолк-пејачката Татјана Лазаревска која веќе 7 години со семејството живее и работи во Австралија има постојани музички ангажмани.

За атмосферата на настапите јавноста ја известува преку социјалните мрежи и несомнено е дека Татјана и нејзиниот сопруг Новица се најбараните македонски пејачи кога станува збор за веселби кај дијаспората во Австралија.

Така е и викендов кога во спортскиот центар Рокдејл Илинден во Сиднеј се одржа македонска вечер со ни помалку ни повеќе туку главна ѕвезда Татјана Лазаревска.

На нејзиниот Фејсбук профил таа сподели неколку видеа од забавата во Сиднеј, а на нив се гледа дека Македонците, каде и да се, навистина си ги негуваат фолклорот и традицијата.

Се изиграле познати македонски народни ора, а под едно од видеата во коментар и Наум си даде свое мислење кое гласи: Пак ќе кажам дека македонките се најубави на светот и најталентирани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *