(ФОТО) Марко Слаткар се пофали со новото БМВ – започнаа да пристигаат честитки

  • By klaster3
  • април 13, 2022
  • 0
  • 520 Views

Марко Маринковиќ – Слаткар, познат под сценското име Слаткаристика, со години важи за еден од најпознатите македонски рапери, продуценти, хип-хоп и поп пејачи.

Во својата кариера има поминато многу, од прифаќања и обожувања до ценз ури и лош глас, но најубавата улога животот му ја додели во 2020 година кога стана татко на синот Мoша.

– Кога ти се раѓа дете сфаќаш, дека си стварно спремен да те нема само за него да му е добро. Тоа е чувство што не може да се спореди со ниту една друга љубов, изјави Марко во една прилика.

– Моша е старо, еврејско име и во фамилијата на мојата сопруга тој е осми Моша. Нас многу ни се допадна името, кај евреите се гледа по мајка, така што син ми има еврејско име и е евреин.

За Слаткар е познато дека правењето нови песни очигледно му оди од рака, па тој продолжува со домашните и интернационални дуети со повеќе или помалку познати изведувачи.

– Преку песните го истерувам бе сот, го искажувам своето мислење секогаш дури и да бидам единствен помеѓу луѓето со такво мислење.

– Сега спремам нешто ново со Тони Зен, јас не можам да бидам стариот, сега твориме во нов правец, јас не сум повеќе истиот човек.

– Јас сум македонски артист и сакам да останам и да бидам запаметен како таков. Во Бугарија сум познат зошто нашиот јазик нив им е разбирлив, полесно не разбираат од Србите.

– Во животот ништо не сум добил џабе, и некоја работа ако не можам да си ја дозволам дупло не ја ниту купувам, не си дозволувам луксуз ако немам пари, изјави тој за емисијата „Г-Карпет“.

Но, очигледно Марко може да си дозволи и луксуз и скапи работи. На неговиот Инстаграм профил, заедно со најавата за новиот сингл, осамна видео од автомобил за кој напиша „Ново БМВ“, а честитките беа неизбежни.

Станува збор за луксузно и спортско електрично возило за кое сметаат дека е пионер на новата ера. Најнова генерација електрични автомобили на БМВ со два мотори кој може да достигне брзина од 0 до 100 км/ч за 4,6 секунди.

Има она што е потребно за да се натпреварува со етаблираните целосно електрични ривали како моделите на Ауди и Тесла. Цената на овој модел од салон кај нас е помеѓу 85 000 и 137 0000 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.