(ФОТО) Македонскиот министер синоќа го бодреше Милан на Сан Сиро

  • By admin
  • април 16, 2022
  • 0
  • 285 Views

Актуелниот лидер во Серија А, екипата на Милан по две нерешени резултати се врати на победничкиот колосек, откако слави на „Сан Сиро“ против Џенова со 2-0 (1-0).

„Грифоните“ беа без сили за фаворитот, а Милан со головите на Рафаел Леао и Жуниор Месиас прокнижи многу важни бодови во трката за скудетото.

„Росонерите“ мораа да одат по сите бодови, па тргнаа офанзивно од самиот старт. Навивачите не чекаа долго на првиот погодок, бидејќи Рафаел Леао стрелаше уште во 11. минута. Португалецот доби прецизна дијагонала од Калулу, па со смирено ја смести топката во малата мрежа на Џенова за 1-0.

Домашниот тренер се загрижи откако на пов реди се пожалија Леао и Тео Хернандез, меѓутоа двајцата ги надмина и останаа на теренот.

Милан се обиде во продолжението преку Жиру, додека на спротивната страна најопасен беше Милан Бадељ со уд ар од далечина. До полувремето „росонерите“ се заканија и преку Салемакерс кој биеше лошо, а Џенова беше опасна во завршницата преку Галдамеш кој шутираше над пречката.

„Грифоните“ посмело тргнаа по полувремето, меѓутоа Милан лесно ги одби налетите. Зрела можност за удвојување на позитивата имаше Жир, во свој стил по центаршут биеше во паѓање над голот на Сиригу.

Прв по клупата потегна Блесин, ги уфрли Дестро и Мелегони, а Пиоли го освежи нападот со Месиас и Ребиќ на местата на Салемакерс и Жиру.Иако силите на теренот се променија.

Џенова немаше си ли да го притисне и загрози водството на лидерот. Течеше 87. минута кога вторпат се тресеше мрежата на Сиригу, по една мешаница реализираше Месиас и ги постави конечните 2-0.

Како што е познато Крешник Бектеши е актуелен министер за економија. Бектеши магистрирал на универзитетот „Шефилд“ во Солун на полето од претприемништво и менаџмент.

Бил економски промотор во Белгија од април 2011 до јули 2016, а потоа и економски промотор во Швајцарија од јули 2016 до јануари 2017. Зборува англиски, албански, турски и македонски јазик.

Токму на овој меч синоќа беше присутен и министерот за економија Крешник Бектеши кој со своето присуство му донесе среќа на Милан.

Бектеши со тренерка на Милан го бодреше домашниот тим, кој на крајот стигна до победата од 2-0, и се врати на првото место на табелата во италијанскиот шампионат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *