(ФОТО) Македонецот се наврати неколку години наназад и се потсети на средбата со Путин

  • By admin
  • април 18, 2022
  • 0
  • 558 Views

Во моментов во центарот на целокупната светска јавносто се случувањата во Украина од страна на Русија, а секако во преден план една личност се двои.

Тоа е првиот човек на руската федерација, претседателот Владимир Путин кој е доста коментиран.

Како што е познато Владимир Владимирович Путин е руски политичар и моментален претседател на Русија од 7 мај 2012 година. Путин претходно бил претседател во периодот од 2000 до 2008 година и премиер на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година.

Путин исто така е претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.

Општо познато е дека во Русија, водството на Путин претежно ужива голема популарност, со генерално висок рејтинг.

Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година, во Ленинград, сега Санкт Петербург, како дете на Владимир Спиридонович Путин и Марија Ивановна Путина.

Неговата мајка била фабрички работник, а неговиот татко бил регрутант во советската морнарица, каде што служел во почетокот на 1930-тите години.

Еден од малкумината Македонци кои ја имале таа чест лично да се запознаат и да се ракуваат со Путин е Ленин Јовановски, првиот човек на Ноќните волци од Скопје.

Ленин Јовановски е познат во јавноста и како директорот на приватното претпријатие „Слобода превоз“ и често пати може да го сретнеме во јавноста со изјава за медиумите и во оваа улога.

Неодмана при гостување во емисијата „Само вистина“ на прашањето дали се уште е во контакт со рускиот претседател, Јовановски изјави:

-Сум имал јавни средби со Путин, кои беа проследени од светските медиуми и тоа е доволно што треба да се знае.

Пред некој ден Ленин Јовановски на својот профил на фејсбук сподели една насловна фотографија од весник која датира од пред неколку години на која тој е заедно со Путин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.