Лила Филиповска е една од нашите најпопуларни водителки, а во последно време и инфлуенсерки. Ако некоја личност од естрадата кај нас, може да се нарече инфлуенсер, тоа секако е Лила.
Веројатно е и затоа успешна и успева да ги договори најјаките брендови, да биде нивно заштитно лице. Лила веќе единаесет години го води квизот „Се или нешто“ за кој рече дека ѝ е голема љубов.
Освен тоа имаме прилика да ја гледаме секој ден во забавното шоу „Се или нешто“, Лила е активна и на социјалните мрежи на кои што рекламира одредени модни брендови, козметички произови, патувања, накит.
Несомнено Лила Филиповска важи за една од најзгодните, најатрактивните и најангажирани водители кај нас.Што и да облече на себе одлично и стои, а секогаш добива комлименти на својот изглед.
Лила на својот профил на Инстаграм објави често фотографии и речиси да нема ден, а да нема барем по една фотографија.
Лила е родена во Шведска, каде што живеела 12 години. Нејзиното семејство потекнува од скопското село Виниче.
Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.
Нејзината популарност до израз доаѓа со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“.
Наредните години водела ток-шоуа и забавни емисии, еден од нив бил „Таму кај што си” со Мишко Барзов.
Не може да почне, а ни да заврши летната сезона, а Лила да не изрекламира некоја позната скапа дестинација за одмор. Заедно со нејзиниот најверен придружник, колегата Спасе, беа дури двапати на одмор во Бодрум.
На нејзиниот Инстаграм профил Лила секојдневно споделува фотографии од приватниот живот, па така и сега објави фотографија со позната личност.
Нашата водителка сподели заедничка фотографија со балканската пејачка Емина Јаховиќ и искоментира: Преубава и во живо.