(ФОТО) Лазар Бараков за никогаш емитуваните четири народни приказни: Му пречиме на некој

  • By klaster3
  • јуни 22, 2022
  • 0
  • 470 Views

Голем број генерации во Македонија израснаа со Македонски народни приказни, а и ден денес многу од нив се гледаат и по неколку пати.

Кога ќе се спомнат Македонски народни приказни, будат носталгија кај многумина. Како што е познато тие се се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други).

Овие кратки ТВ епизоди беа снимени од страна на ТВ Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.

На 7 октомври 2009 година по подолга пауза повторно започна снимање на нови делови на серијалот. Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова.

Покрај МТВ, македонските народни приказни се снимаат и во продукцијата на А1 Телевизија . Нови приказни досега нераскажани, воглавно од 20 век, со нова актерска екипа, снимани на локации во село Бањани и Чучер.

Низ нив поминаа голем број глумци, но главен белег најмногу оставија: Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова,Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски,Лазар Бараков,Гоце Влахов, Владимир Ангеловски – Дади и многу други.

По многу години дел од овие актери се обединија повторно и со нов проект најавија дека подготвуваат нешто, што го најавија на социјалните мрежи.

Актерот Лазар Бараков често е активен на социјалните мрежи каде покрај дел од приватниот живот понекогаш споделува некој спомен од далечните времиња со неговите колеги од македонските народни приказни.

Овојпат тој сподели објава од Фејсбук страницата во чест на Ѓорги Колозов каде што во статус се потсетуваат на неколку одамна снимани приказни од кои дел јавноста никогаш не ги видела.

„Тоа беа години на творење! Во годината 1988, под режисерската палка на Миле Грозданоски се снимаат шест приказни во етапи и сите си приличуваат една на друга, затоа што се режирани во исти стил.

Гледајќи ги тоа можете да го забележите. Две од нив се засекогаш зачувани од заборавот, а тоа се приказните: Тројцата лажачи; и Мамино галениче.

Другите четири, снимени, но никогаш не емитувани, засекогаш загубени, една од нив била и Трампање, сигурно сте ги гледале новите верзии на оваа приказна, но оргиналната засекогаш останува невидлива за љубителите на приказните“.

Коментарите на објавата од пријателите на Бараков секако беа со поддршка на актерот, но сите се прашуваа истото:

Зошто и кој не сака тие приказни да бидат емитувани, на што Лазар одговори: „Име, му пречиме на некој, сме збореле..“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *